Facebook ја исправи неправдата спрема жените

Едноставно луѓето не размислуваа за ова, но…

 |  инфодеск  | 

Catlin Winner, менаџерката по дизајн во Facebook забележала дека нешто не е во ред кога се во прашање силуетите на мажот и жената кај икончето “friends” и со таа забелешка настанаа промени на изгледот на икончето.

Имено, машката икона претходно имаше големи и широки рамена, додека женската имаше чудно поставени рамена затоа што иконата од мажот била поставена пред неа.

“Претпоставив дека во прашање не е лоша намера жената да биде зад мажот, туку едноставно не се размислувало за тоа. Но, имајќи во предвид дека имам широки рамена, овој распоред ме навреди”, изјавила Winner и одлучила оваа неправда да ја исправи.

Иконите се сега поставени една до друга, а жената не се наоѓа повеќе зад мажот.

“Навистина не беше тешко да се забележи симболиката на старата икона – жената буквално беше во сенка на мажот и тоа навистина сакав да го сменам”, тврди Catlin.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top