Струга затрупана во снег

Струга оставена на милост и немилост.Тендер за расчистување на улиците од снег досега не е даден на ниту една фирма, па оттука произлегуваат и дел од проблемите, сметаат од комуналната инспекција.

 |  Билјана Николоска  | 
Struga sneg
Struga sneg

Во Струга поради снегот прекинат е и образовниот процес во средните и основните училишта. Многу планински села се непроодни и отсечени од градот. До нашата редакција пристигнуваат бројни дописи и јавувања од стружани кои се загрижени за состојбата со снегот и нерасчистените патишта, а некои сметаат дека во градот треба да се прогласи и вонредна состојба. Само за пример, на 14 километри од Струга во Охрид, состојбата е сосема различна. За тоа се грижи охридското комунално претпријатие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top