Post Views: 14
На Горни Сарај и вечерва ќе се ори фолклорната народна песна и игри од Балканските земји. Стартува 56-тото издание на Балканскиот фестивал на нарони песни и игри со целовечерен концерт на НА „Тане“ц. Серијата земјотреси кои го тресат Охрид досега не ги исплаши фолкористите да земат учество на добро познатата летна сцена.
„Нема откажување во однос на земјотресите. Но, ако се случи тоа не е ни по наша ни по нивна вина. Тоа е Божја работа“, кусо одговори Горан Стојаноски, директорот на Центарот за Култура Григор Прличев.
Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот фестивал...
Post Views: 10
Од секторот за Туризам и локален економски развој нема официјални податоци за тоа колку туристи го напуштиле градов. Иако евидентно е дека одреден број домашни туристи, заминуваат Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека во неформален разговор со сопствениците на сместувачките капацитети, добил информации дека засега пак нема откажувања на аранжманите направени од страна на странските туристи за оваа сезона.
„Вообичаено е по мене заради страв да дел од туристите го нашуштат градот Охрид, а дел да го одложат своето патување. Ние немаме комплетна статистика од службите...
Post Views: 30
Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки.
„Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува...
Post Views: 1
Општинскиот кризен штаб веќе два дена е на терен и во постојана комуникација со граѓаните на Охрид. Посетени се местата кои граѓаните ги пријавиле од терен. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека поради интензивата сеизмичка активност, општинскиот кризен штаб, има потреба од стручна помош и експертско мислење ги донел двете најрелевантни институции во РМ ИЗИИС и Сеизмолошката опсерваторија про ПМФ, кои требаше да дадат свое видување и свои препораки за справување со вакви состојби. Градоначалникот посочи дека направен е увид на сите оние градби каде е констатирано...
Post Views: 0
Доктор Никола Бошале предупредува да се применува науката, а градителите да внимаваат што и каде се гради во Охрид, по серијата земјотреси кои се случуваат во охридско. Денес се помалку се следат и се применуваат истражувањата на Институтите меѓу кои и на ИЗИИС за тоа какви се промените на земјиното тло. Земјата на која стоиме во Охрид не е еднородна туку разновидна. Потребно е да се следи и да бидиме внимателни кон земјините сили кои не познаваат граници , вели доктор Бошале.
„ Ако се гради голем објект на тло за кое се мисли дека не е здраво , тоа е како да градиш...
Post Views: 5
Општина Охрид ќе ги поддржи охридските дуканџии во барањето да работат во недела. Поддршка им дадоа и Регионалната занаетчиска комора, хотелската асоцијација ХОТАМ и угостителскиот Еснаф. Заедно ќе бараат од Собранието, Охрид како и другите туристички центри да се изземат од овој закон.
Затворањето на дуќанџиите во недела предизвика тешки последици врз локалната економија и туризмот, затоа што градот е најпосетен од туристи токму во недела.
Сите овие здруженија ќе донесат еден заклучок кој општина Охрид ќе го поддржи и сите заедно после тоа ќе се обратиме до институциите....
Post Views: 5
Во медицинските установи како последица од серијата земјотреси нема повредени граѓани туку само интервенции од панични напади од страв. Во охридската општа болница на хируршкото одделение не се евидентирани повреди како резулатат на земјотресите, информира д-р Димитар Арнаудов, раководител на хируршкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ Охрид.
„На нашето одделение нема хоспитализирани како што ми пренесоа моите колеги со здобиени повреди од земјотресите директно или индиректно од страв , паника или бегање. Во докуменацијата ни еден пациент о доние кои сме ги тертирале...
Post Views: 2
Објавен е распоредот на натпреварите за есенскиот дел од Втората македонска фудбалска лига-Запад за сезона 2021/2022. Прв противник на ГФК Охрид Лихнидос ќе биде Беса на теренот на СРЦ Билјанини Извори, додека Воска Спорт првиот натпревар од новата сезона го игра на гости кај Гостивар.
Градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт е закажано за 23 октомври со почеток од 14 часот, во осмата рунда.
Post Views: 2
Верниците од христијанска вероисповед на 3 јули го слават споменот на Чудотворецот Св Наум Охридски. Луѓето ги посетуваат истоимениот манастир во комплексот Св. Наум , но и останатите цркви кои се посветени на светителот. Меѓу нив е и малата црквичка на Чекоштина над селото Орман.Бројни беа жителите од Орман, но и многу охриѓани кои дојдоа во црквичката посветена на Св. Наум да се помолат за здравје и бериќет на своите семејства. По утринската литургија и кревањето на крсти кумот организираше заеднички ручек за верниците во чест на светителот. Годинава кумството му...
Post Views: 7
Од Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди велат дека само во текот на вчерашниот ден, пристигнале двеста и дваесет пријави. Од утре од комисијата започнуваат со работа на терен, а прв увид ќе се направи на јавните објекти кои двата тима од ИЗИИС ги окарактеризирало како интервентни случаи.
Граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на...
Post Views: 14
Претседателот на бугарската општина Копривиштица, Генчо Герданов, забрани пуштање на новокомпонирана фолк музика за време на Националниот собир на бугарското народно творештво.Казната за непочитување на оваа одлука ќе изнесува од 50 до 100 лева, односно од 25 до 50 евра.“Мислам дека нема ништо пологично од ова”, рекол Герданов за локалните медиуми.Имено, Националниот собир на бугарското народно творештво почнува на 7-ми август и се очекува да има околу 12.000 посетители од цела Бугарија.Овој собир се организира секоја петта година и има традиција долга 50 години.
Post Views: 7
Заради непречено одвивање на градежни работи на пешачакта и велосипедската патека која што се протега од Билјанини извори долж каналот Студенчишта, потребно е сопствениците на пловните објекти кои се наоѓаат на патеката и во каналот од страната каде што се изведуваат градежните активности, да бидат отстранети.
Општина Охрид ги известува сопствениците на пловните објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти, ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.