Д-р Никола Бошале предупредува да се внимава што и каде се гради во Охрид

 Д-р  Никола Бошале предупредува да се внимава  што и каде се гради во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Доктор Никола Бошале предупредува да се применува науката, а градителите да внимаваат што и каде се гради во Охрид, по серијата земјотреси кои се случуваат во охридско. Денес се помалку се следат и се применуваат истражувањата на Институтите меѓу кои и на ИЗИИС за тоа какви се промените на земјиното тло. Земјата на која стоиме во Охрид не е еднородна туку разновидна. Потребно е да се следи и да бидиме внимателни кон земјините сили кои не познаваат граници , вели доктор Бошале.

„ Ако се гради голем објект на тло за кое се мисли дека не е здраво , тоа е како да градиш на песочна основа.Да се имаат предвид сите знаења за земјата на која стоиме и векуваме. Овие големи куќи се проблем .Никој не доаѓа на 10 ката на трусно подрачје. Св. Климент има една основна мисла „Куќа по мерка на човекот“, тоа е Плаошката школа на македонската архитектура“, потсетува д-р Бошале.

Треба да водиме сметка врз научни истражувања каде и како се гради за при тоа да има што помалку штети, вели угледниот охридски научник и социолог Бошале.

„Поготово ова е многу сложен проблем. Земја е. Тешко е да дојдеш до сознание што станува под нас, како стените се притегаат. Последиците може да се страшни земјата е жива и таа ќе се претура или ќе создава брда“, кажува доктор Никола Бошале.

Природата не простува, таа возвраќа или наградува, додава Бошале, автор на еколошки студии за Охрид, меѓу кои и „Милост за Езерото“. Како коавтор учествувал во бројни научни истражувања и проекти со Институтот за сезимолошко истражување. Тлото треба да се истражува долгорочно и сеопфатно, какви промени настануваат и како се рапоредени силите под нас. Планините растат, а други тонат и мора да се следат како се распоредуваат силите на тлото, укажува Бошале. Професор д-р Никола Бошале е доктор по социологија, научник, книжевник, есеист. Напишал 25 дела, меѓу кои и еколошката студија за Охрид од 2009 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top