Усвојувањето на новата легислатива не е проблем, туку нејзината имплементација

Post Views: 0 Владиниот план за итни реформски приоритети 3-6-9 ќе се реализира, оптимист е амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот не е загрижен за усвојувањето на новата легислатива, додавајќи дека проблемот секогаш бил во имплементацијата. „Мислам дека во овој момент Собранието на вашата земја функционира добро. Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен со конкретната имплементација...

Continue reading

Дебрчани ќе почекаат за референдум

Post Views: 1 Денешната седница на советот на општина Дебрца, прекината. На неа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски требаше да се расправа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Градоначалникот изрази жалење за ваквиот тек на настаните. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата со што беше оневозможена поддршката на одлуката за референдум каде што жителите ќе го искажат своето мислење по ова прашање и ќе добиевме највисок правен акт за спречување на изградбата на регионалната...

Continue reading

Исламската држава го егзекутира заложникот од Хрватска

Post Views: 3 Џихадистите на Исламската држава тврдат дека го усмртиле хрватскиот државјанин Томислав Салопек по кој се трага веќе со денови во Египет, пишува France Presse. AFP и Al Jazeera исто така ги пренесоа тврдењата дека Хрватот е погубен.Исламската држава на својот Twitter профил објави фотографија на неговото тело. Агенцијата France Presse пишува дека сеуште не е потврдена автентичноста на фотографијата, а ова го пишува и Reuters додавајќи дека со фотографијата стои и насловот “Убиството на хрватскиот заложник е поради учеството на неговата земја во војната против Исламската...

Continue reading

Концерт за паметење на саксофон квартетот „SIGNUM“ на „Охридско лето“

Post Views: 3 Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, синоќа во рамки на традиционалната Европска вечер на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ саксофон квартетот „Сигнум“од Германија, приреди незаборавна вечер за љубителите на класичната музика. Стануза збор за квартет кој внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува,од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија .Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа квартетот во 2006 година. Тие се академски музичари кои...

Continue reading

pоlicija karposh

Детонација на експлозивна направа во близина на седиштето на СДСМ во Карпош

Post Views: 0 Непозната експлозивна направа била фрлена на улица доцна попладнево во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот Сојуз , потврди полицијата, додавајќи дека во инцидентот нема повредени. Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека „експлозивна направа била фрлена на улица во скопската населба Карпош, во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот сојуз“. Тој додаде дека неколку возила се оштетени од експлозијата и е причинета минимална материјална штета. Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов изјави дека „бомба екпслодирала пред...

Continue reading

Граѓаните и понатака се жалат на низа проблеми во такси превозот.

Post Views: 1 Проблемите во такси превозот во Охрид актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат на одредени таксисти кои одбиваат да возат на пократки релации во градот, возат без вклучен таксиметар, не издаваат фискални сметки или немаат поставени задолжителни налепници. Од Локалната самоуправа тврдат дека охридските таксисти подлежат на секојдневни контроли од Сообраќајните инспектори заедно со сообрќајната полиција. Само во месец јули биле констарирани околу 20 тина неправилности во такси превезот. Некои поминале само со записник да се одстранат забелешките...

Continue reading

СВР Охрид со детали околу крвавата тепачка на улицата „Будва“

Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. ( 79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид. На 23-ти овој месец, околу 17 часот и 30 минути, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, случено е нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, во кое од здобиените повреди лицето С.Г.(58) колабирал и починал на местото на настанот. Во нарушувањето на јавниот ред и мир, покрај тројцата пријавени од една, учествувале и сега починатиот С.Г.(58) и неговиот син М.Г. (29), од друга...

Continue reading

јоне

Изумира занаетчиството во Струга

Post Views: 6 Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на современите...

Continue reading

Реформи во администрацијата за поквалитетен сервиис на граѓаните

Post Views: 0 Потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот се само некои од проблемите кои е потребно под итно да бидат решени доколку се сака да се зголеми ефикасноста на работата на јавната администрација. На средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, која неодамна се одржа во Охрид, констатирано е дека станува збор за промени кои мора да се спроведат се со цел да се обезбеди поквалитетен сервис на граѓаните. „За нас...

Continue reading

Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Post Views: 2 Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два случаи на мутации претставуваат поголема закана. Овие соеви на вирусот се нарекуваат алфа и делта. Најновиот вид наречен Омикрон, откриен неодамна, го загрижи светот поради тоа што...

Continue reading

„Сигнум саксофон квартет“ вечер на „Охридско лето“

Post Views: 0 Вечер на програмата на фестивалот „Охридско лето“ во предворјето на црквата Св. Софија, ќе настапи „Сигнум саксофон квартет“. Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, овој квартет внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува, а тоа е насекаде низ Европа. Настапувал од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија . Своето образование го стекнале во Келн, Виена и Амстердам и освојувале голем број признанија на меѓународни натпревари. Се запонале во келн во 2006-та година.

Continue reading

28-ми август неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 1 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), сабота, 28-ми август 2021 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top