Усвојувањето на новата легислатива не е проблем, туку нејзината имплементација

Евро амбасадорот Самуел Жбогар потенцира дека не е загрижен околу тоа како функционираат Собранието и државните институции, ниту околу  спроведување на владиниот план за итни реформски приоритети 369.

 |   | 

Владиниот план за итни реформски приоритети 3-6-9 ќе се реализира, оптимист е амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот не е загрижен за усвојувањето на новата легислатива, додавајќи дека проблемот секогаш бил во имплементацијата.

„Мислам дека во овој момент Собранието на вашата земја функционира добро. Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен со конкретната имплементација на планот 3- 6-9, особено затоа што проблемот никогаш не бил во врска со усвојување на новата легислативата, туку секогаш бил во имплеметација на легислативата, која што сама по себе е добра“, изјави Жбогар при посетата на Општина Струга.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, очекува политичка поддршка од сите политички субјекти околу донесувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик. Во исто време, тој вели дека очекува и албанската заедница да покаже разбирање за ставовите на другата страна.

„Секогаш е добро помеѓу две заедници во една средина да се вопостави дијалог и да се слушне што другата заедница има да каже. Секогаш е добро да се направи обид да се слушне и да се разберат потребите и стравовите од двете страни. Тоа е двонасочна врска. Колку што разбрав прашањето за јазикот е многу важно за албанската заедница со цел да се оправда чувството дека Охридскиот договор во целост е имплементиран. Ако на ова прашање и двете страни пристапат со ист став, како што тоа се прави во Струга, со слушање на другата страна, односно зошто се бараат одредени права, а од друга страна и албанската страна да разбере кои се стравовите од другата страна. Ако двете страни пристапат вака кон ова прашање, мислам дека можеме да постигнеме решение поддржано од страна на сите“ објасни Жбогар.

На вчерашната средба со струшкиот градоначалник евроамбасадорот дискутирал и за потребата од дислокација на дивата депонија, финансиската состојба на Општина Струга, за појавата, влијанието и последиците од се поинтензивните миграциски процеси врз оваа општина, проблемите во образованието особено интегрираното образование, соживотот во мултиетничките средини и друго.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top