Изумира занаетчиството во Струга

Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии.

 |  Валентина Неловска  | 
јоне
јоне

Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на современите текови. Секое време носи промени, но занетите за луѓето се секогаш потребни, а сега занаетчиство нема, укажува Кленко. таснио

 „Сега во чаршијата има само двајца- тројца занаетчии. Луѓето се страдни да поправат чевел, да им се расипе патент или копче на облеката. Нема репроматеријал за да се купи за да се направат услугите. Порано одев еднаш до два пати во странство по набавки на репроматеријал за да можам да ги поправам работите“, раскажува Кленко.

 Струга, иако мал град, во минатото важела за значаен занаетчиски центар. Во овој град отсекогаш се водела грижа занаетите кој ги немало во градот, да се носат од страна. Занетчиите добивале црковни или општински дуќани, неплаќале давачки, а за возврат имале обврска да обучат до 5 занаетчии, раскажува Кленко. Тој потсетува дека од Струга потекнувале најпознатите и највештите кувенџии. Стариот занаетчија се наврќа на преданијата за кувенџиството во Струга.

Старите наши ќе велеа ова е царско место. Се лиеле многу предмети за цареви, војници и свештеници, од копја капи до заштитна облека. Тоа останало од старите времиња и потребите да се украсат царот и свештениците“. За да заживее занаетчиството Кленко ја нагласува улогата на државата. Институциите мора да имаат поголем слух. Кленко има  свое видување како заедницата може да помогне за занаетчиството во Струга. мост

 „Многу тезги се отвраат на пазариве со прекупена роба. Зошто не би се отвориле тезги од приучени луѓе кои знаат нешто да направат на лице место, а при тоа да не плаќаат за тезга и да се условат да не се занимаваат со препродажба. Тезгите да бидат сконцентрирани на едно место за луѓето полесно да добиваат услуги од кои имаат потреба. Има жени што не знаат ни копче да зашијат“, објаснува Кленко.

 Институциите мора парично да го стимулираат занаетчиството и занаетчиите да бидат привилегирани и ослободени од давачките, бидејќи не дека не сакаат да ги исполнуваат своите обврски кон државата, туку не можат затоа што заработката од занаетите е многу мала. Во моментов, во Струга, не функционира нити еснаф, нити некакво Здружение кое би се залагало за заштита на занаетчиските интереси, напоменува еден од најстарите струшки занаетчии, Јоне Кленко.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top