Детонација на експлозивна направа во близина на седиштето на СДСМ во Карпош

Непозната експлозивна направа била фрлена на улица доцна попладнево во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот Сојуз , потврди полицијата, додавајќи дека во инцидентот нема повредени.

pоlicija karposh
полиција карпош

Непозната експлозивна направа била фрлена на улица доцна попладнево во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот Сојуз , потврди полицијата, додавајќи дека во инцидентот нема повредени.

полицијаПортпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека „експлозивна направа била фрлена на улица во скопската населба Карпош, во близина на канцелариите на една компанија и Социјал-демократскиот сојуз“.

Тој додаде дека неколку возила се оштетени од експлозијата и е причинета минимална материјална штета.

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов изјави дека „бомба екпслодирала пред нивна канцеларија, во моменти кога состанок одржувале 30-тина преставници на партискиот подмладок“. Шилегов потврди дека никој не е повреден, но оти во експлизијата биле оштетени пет возила.

Тој ги повика државните органи во најкраток можен рок „да го пронајдат сторителот на ова гнасно, кукавичко, можеби и терористичко дело со цел да се расчистат сите шпекулации на оваа тема“. Според него, „шрапнели летале на сите страни и среќа е што никој не бил повредени

Полицијата го истражува случајот и работи на утврдувањето на мотивите за инцидентот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top