Исламската држава го егзекутира заложникот од Хрватска

Странските агенции јавуваат за грозоморниот чин на џихадистите

 |  инфодеск  | 

Џихадистите на Исламската држава тврдат дека го усмртиле хрватскиот државјанин Томислав Салопек по кој се трага веќе со денови во Египет, пишува France Presse. AFP и Al Jazeera исто така ги пренесоа тврдењата дека Хрватот е погубен.
Исламската држава на својот Twitter профил објави фотографија на неговото тело. Агенцијата France Presse пишува дека сеуште не е потврдена автентичноста на фотографијата, а ова го пишува и Reuters додавајќи дека со фотографијата стои и насловот “Убиството на хрватскиот заложник е поради учеството на неговата земја во војната против Исламската држава”. Водечките хрватски медиуми објавија апел во кој се бара фотографиите да не се споделуваат на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Салопек (31) беше грабнат на 22 септември во подрачјето на Каиро додека со службен автомобил се превезувал на работа. Работел за француската групација Compagnie Generale de Geophysique. Пред една седмица беше објавена снимка во која Салопек пред камера ги кажува своите податоци и објаснува дека Исламската држава е спремна за размена со муслимански затвореници во египетските затвори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top