Концерт за паметење на саксофон квартетот „SIGNUM“ на „Охридско лето“

Синоќа во рамките на традиционалната Европска вечер на фестивалот „Охридско лето“, саксофон квартетот „Сигнум“од Германија, ја почести фестивалската публика со фантастичен концерт.

 |   | 

Со својата младешка енергија, талент и невообичаени идеи, синоќа во рамки на традиционалната Европска вечер на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ саксофон квартетот „Сигнум“од Германија, приреди незаборавна вечер за љубителите на класичната музика. Стануза збор за квартет кој внесува свежина на фестивалите и концертните дворани каде настапува,од концертниот Карнеги Хол во Њу Јорк па се до врвовите на Доломитите во Италија .Блаж Кемперле, Ерик Нестлер, Алан Лужар и Гуерино Белароса го формираа квартетот во 2006 година. Тие се академски музичари кои се образувале на музичките универзитети во Келн, Виена и Амстердам. И синоќа во црквата „Света Софија“, свирејќи без ноти, младите саксофонисти успеаја да и’ се „наметнат“ на публиката на „Охридско лето“ која уживаше во нивниот настап.

„Акустиката е фнтастична, ова место овде има многу голема традиција и затоа сме благодарни што „Охридско лето“ ни дава можност да го доживееме тоа извонредно искуство и да свириме на вакво место каде со генерации и генерации се пишувала историјата. Многу ни е мило што со нашите прекрасни инструменти влегуваме во еден ваков простор.Навистина е убаво тука, на крај сме на нашата концертна турнеа и кога пристигнавме тука не пречека супер време, пррекрасно езеро, навистина се тука е убаво“ изјавија Алан Лужар и Блаж Кемперле „SIGNUM“.

Европската вечер на фестивалот започна да се организира во 2007 година со настапот на Барокниот Оркестар на Европската Унија. Оттогаш, Делегацијата на Европската Унија дава финансиска помош за учество на европски музичари на овој реномиран фестивал со цел да ја поддржи културната соработка и размена. Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, кој беше гостин на концертот изјави дека Охрид нуди музичари од светски ранг кои во светот ја презентираат традицијата преточена во уметност.

„Вечерва уште еднаш изразувам чест и задоволство што сме партнери со фестивалот „Охридско лето“. Веќе десет години соработуваме и носиме европски музичари за овдешната публика“, рече Самуел Жбогар – Амасадор на ЕУ во Р.Македонија.

Зад квартетот „Сигнум “ стојат многу настапи на престижни сцени во светот, но и бројни награди. Оваа сезона настапите ги водат во новоотворената концертна сала во Хамбург, во големата сала на Филхармонијата во Санкт Петербург, како и на гостувања во Полска, Белгија, Италија, Бугарија, Австрија, Германија и во Јужна Кореја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top