Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ доставува јавен предлог до надлежните за засадување дрворед долж пешачко-рекреативната патека по каналот Студенчишта, односно, од ресторанот „Мадера“ па сѐ до плажата „Парк“.
Во моментов, прашањето со зеленилото е решено на начин што на тој потег се засадени дрвја на средината од патеката, но, тоа не е доволно велат од организацијата. Поради тоа од „Чист Охрид“ доставуваат предлог до надлежните за зголемување на дрвната маса во посочениот дел.
„Во време кога се соочуваме со масовни предизвици поради климатските промени, но и сѐ поголемото ун…
Овој проект е еден од дваесеттината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески информираше дека една третина од целиот зафат е веќе завршена, а најави дека до Март следната година ќе биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализациониот систем во Лескоец. Министерот за транспорт и врски, Јанакиески пак потенцираше дека согласно договорот со градежната компанија, во месец Април се очекува да завршат градежните р…
ТВМ во неколку наврати информираше дека според правилата на УНЕСКО треба да се промени грбот на Општина Охрид, бидејќи симболите на оваа меѓународна организација не смеат да се употребуваат во ознаки на други институции.
Иако беше најавувано дека новиот грб ќе биде промовиран на Свечената Академија по повод патронот на градот Св.Климент Охридски, тоа не се случи.
За промената на симболите на грбот на Охрид, ќе одлучуваат Охридските советници, на наредната седница, која е закажана за петок 22ри август. Освен за грбот, советниците на оваа седница ќе одлучуваат и за промена на името на Охр…
„Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додаде дека ова ќе го потврдат обработените статистички податоци кои ќе ги имаат за месец и пол дена после продолжената летна сезона. Охрид не е било која туристичка дестинација во светот, нашиот град на едно место ги има културните, историските, природните, духовните вредности, кои се реткост за една туристичка дестинација и тоа сите треба да го ценат.„Јас сум човек кој што е познат по тоа што не манипулира со произволни проценки туку призн…
Триесеттина олдтајмери од триесеттите години на дваесеттиот век па навака, денес блескаа на охридската ривиера. Опел, Порше, Фиат, Застава, БМВ, СААБ…И ден денес овие имиња на автомобилската индустрија ја будат фантазијата на многумина, но денес на охриѓани, туристите, но и на самите учесници на првата ревија на олдтајмери во градов им понудија вистинско уживање. Учесниците едногласни дека одржувањето на автомобилите е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов. Еве со што денес се пофалија на ревијата.„За одржување е тешко, лесно е да се купи ваков автомобил, но теш…
Денес се одржа државното првенство на Македонија во кајак на мирни води. Силите во неколку категории ги одмерија кајакарите од двата охридски кајакарски клуба Ехо и Стрмец и КК Црн Дрим од Струга. Се веслаше патеката од 500 метри со старт од пред хотел Палас до финишот пред хотел Милениум. Три екипи не учествуваа на државното првенство од непознати причини вели главниот судија Менсур Рифат.„Се одржаа трки на 500 метра во К1 и К2 во сите категории, значи пионери, пионерки, кадети кадетки, јуниори јуниорки, сениори сениорки, времето не послужи“ – изјави Рифат.Претседателот на Комитетот за сп…
Плоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме„Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши јадења кои се произведуваат …
24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.
Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.
По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква к…