Триесетина олдтајмери блескаа на охридската ривиера

Прекрасните автомобили од триесеттите години на минатиот век па навака, денес блескаа непосредно пред градскиот парк. Љубопитната публика не можеше да одолее на можноста да се слика до некоја од старите убавици.

 |  Мишел Наумоски  | 
oldtajmer
олдтајмер

Триесеттина олдтајмери од триесеттите години на дваесеттиот век па навака, денес блескаа на охридската ривиера. Опел, Порше, Фиат, Застава, БМВ, СААБ…И ден денес овие имиња на автомобилската индустрија ја будат фантазијата на многумина, но денес на охриѓани, туристите, но и на самите учесници на првата ревија на олдтајмери во градов им понудија вистинско уживање. Учесниците едногласни дека одржувањето на автомобилите е тешко и скапо хоби, но велат дека тоа го прават со огромна љубов. Еве со што денес се пофалија на ревијата.

„За одржување е тешко, лесно е да се купи ваков автомобил, но тешко да се одржува. Тоа чини премногу и затоа ова е скапо хоби, но треба да се радуваме ние во Охрид затоа што има љубители кои сакаат олдтајмери.“

revija oldtajmeri„Автомобилот што го имам изложено е модел од 80та година, Порше. Го користиме до ден-денес и е во добра кондиција. За одржување, не се расипуваат делови на Порше, Порше е нерасипливо.“

„Не е лесно да се одржуваат. Потребно е многу време и пари и многу љубов, мерак. Јас сум автомобилски инженер и автомобилите се мој живот.“

„Дојдовме тука заедно од Врање три возила. Беше малку тешко, возилата се неудобни како што се гледа, но ете дојдовме да претставиме едно југословенско класа возило, југословенскиот мерцедес.“

„Автомобилот е специфичен, тоа е семејно возило, одржувано со доста љубов. Би сакал да го поздравам организаторот на оваа ревија, идејата е убава, слушам дека е прва ревија, сакам да прерасне во традиционална.“-рекоа дел од учесниците.

zastava 750Организаторите од авто картинг клубот Примо АВЈ велат дека идејата зад целата ревија е да се поврзе старото со старо, односно старите автомобили со најубавиот стар град на светот.

„Ревијата ја развивме во друг правец. Поканивме веднаш екипи од странство, имаме од Турција, Србија, Бугарија, за да тоа остане во една традиција. Планираме догодина да го направиме во многу поголем број и многу поголем ефект да биде и да има поголема гледаност и присутност од екипи од цела Европа.“-рече организаторот, Александар Димушевски-Вуле.

Инаку триесетината автомобили имаа и едно ревијално возење до хотелот Инекс Горица, а потоа повторно ќе бидат изложени со цел заинтересираната публика која сака олдтајмери, да може да ѕирне дел од автомобилската класика која ја нуди ревијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top