„Чист Охрид“ со предлог за засадување дрворед на патеката до плажата „Парк“

Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ доставува јавен предлог до надлежните за засадување дрворед долж пешачко-рекреативната патека по каналот Студенчишта, односно, од ресторанот „Мадера“ па сѐ до плажата „Парк“.

 |   | 

Во моментов, прашањето со зеленилото е решено на начин што на тој потег се засадени дрвја на средината од патеката, но, тоа не е доволно велат од организацијата. Поради тоа од „Чист Охрид“ доставуваат предлог до надлежните за зголемување на дрвната маса во посочениот дел.

Во време кога се соочуваме со масовни предизвици поради климатските промени, но и сѐ поголемото уништување на зеленилото и урбанизацијата, потребно е да се насочиме и фокусираме кон поодржлива иднина. Ова е само еден базичен дел од целокупниот процес.Истовремено, со засадување на дрворед, граѓаните за време на летниот период би можеле максимално да уживаат во овој дел на градот“ стои во предлогот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top