Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј

Ќе се менува грбот на Охрид и името на охридскиот кеј.

 |  Николоска Биљана  | 
grb
грб

grbТВМ во неколку наврати  информираше дека според правилата на  УНЕСКО треба да се промени грбот на Општина Охрид, бидејќи симболите на оваа меѓународна организација не смеат да се употребуваат во ознаки на други институции.

Иако беше најавувано дека новиот грб ќе биде промовиран на Свечената Академија по повод патронот на градот Св.Климент Охридски, тоа не се случи.

За промената на симболите на грбот на Охрид, ќе одлучуваат Охридските советници, на наредната седница, која е закажана за петок 22ри август.  
Освен за грбот, советниците на оваа седница ќе одлучуваат и за промена на името на Охридскиот Кеј. Предлог на локалната е наместо досегашното име Кеј Маршал Тито, Охридскиот кеј да се вика Кеј Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top