Бакрачески: Туристичкава сезона ќе биде подобра од минатата

„Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 
vino sirenje
вино сирење

„Ве уверувам дека годинашнава туристичка сезона ќе биде подобра од минатата и претходните години“, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додаде дека ова ќе го потврдат обработените статистички податоци кои ќе ги имаат за месец и пол дена после продолжената летна сезона. Охрид не е било која туристичка дестинација во светот, нашиот град на едно место ги има културните, историските, природните, духовните вредности, кои се реткост за една туристичка дестинација и тоа сите треба да го ценат.

bakraceski„Јас сум човек кој што е познат по тоа што не манипулира со произволни проценки туку признавам само факти и аргументи односно податоци од релевантни извори кога ќе ги добиеме бројките ќе излезем на една прес конференција на која ќе потврдиме дек аоваа туристичка сезона ќе биде подобра од претходната. Јас и на прес конференција во Скопје напоменав дека до јуни месец годинава бројот на странски гости беше значително подобрен дури за 6,5 % поголем во однос на истиот период минатата година додека бележиме пад на бројот на домашни туристи за некаде 4,7 % или вкупниот број на гости во оваа година беше за 2,6 поголем од истиот период минатата година. Јас ве уверувам дека тој број до крајот на летната сезона ќе биде значително поголем“.


{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top