Почна фестивалот на вино и сирење во Охрид

Викендов Охрид во знак на  Фестивалот на вино и сирење. Градскиот плоштад „Крушевска Република“ синоќа беше претесен да ги собере сите посетители кои го дегустираа виното и сирењето како специфични македонски производи со особен квалитет.

 |  Николоска Биљана  | 
vino sirenje
вино сирење

 

vino sirenjeПлоштадот „Крушевска република“ во Охрид синоќа беше преполн со посетители. На дваесет штандови луѓето имаа можност да ги вкусат разните видови сирења и преработки од млеко, да го дегустираат традиционалнолто бело, розе и црвено вино, а и да се заблажат од пчелните производи. Фестивалот на сирење и вино навистина е магнет за привлекување на туристи, велат граѓаните кои ги анкетиравме

„Убаво е да се случува се почесто. Пробав пита со сирење и ѓомлезе. Можам да ја поздравам една ваква манифестација затоа што привлекува доста туристи сакаат да пробаат од овие наши јадења кои се произведуваат во нашиот регион и републикава. Многу убаво, пробавме охридски патлиџан. Многу сме задоволни од оваа манифестација. Не сме од овде но сепак ова е пријатно изненадување. Јас сум од општина Македонска Каменица и многу ми е драго што колегите од Охрид приредуваат вакви изложби, значи да ги претстават придобивките на другите општини и нивните производи во текот на сезоната ова е многу убава работа и јас му честитам на колегите од општина Охрид“– велат граѓаните.

vino sirenjeФестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Топлото време го преполна градот и конечно ја добивме онаа препознатлива слика која сме навикнале да ја гледаме во Охрид. Со оваа манифестација успеавме да ги расположиме граѓаните, додаде градоначалникот.

„Еве денес она што ние постојано се трудиме да правиме да ја збогатуваме туристичката понуда на Охрид во таа смисла го возобновивме фестивоалот вино и сирење во Охрид со кој што на некој начин ја збогатуваме туристичката понуда во текот на летната сезона и од друга страна овозможуваме една своевидна промоција на сите оние производители на вино од РМ на сирење и останата здрава храна да ги пормовираат своите производи не само пред охриѓани туку и пред бројните гости“. – нагласува Бакрачески.

vino sirenjeПроизводителите кажаа дека овој потег на општина Охрид да се возобнови фестивалот за сирење и вино е за поздравување.

„Јас сум по четврти пат не еден ваков фестивал во Охрид, ова е една добра традиција исто како и сирењето галичко кое е традиционално а не индустриско. Тајна голема нема но се е во тревките на планината Бистра која се наоѓа на 2000 метри надморска височина каде овците пасат во незагадена природа“.

„Многу добра манифестација ама едно време паузиравте незнам зошто така, ама баш е добро вака во сезона кога има гужва луѓе – велат производителите.

Плоштадот „Крушевска Република“ беше прекрасно уреден и воопшто сцената каде што беа поставени штандовите. Годинава на фестивалот за сирење и вино покрај штандовите на македонските производители имаше и производители од Корча, соседна Албаниија. Манифестацијата трае два дена, а програмата е збогатена со музички настапи на охридски групи.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top