Државно првенство во кајак на мирни води

Не смееме да го заборавиме кајакот, мора да работиме сите заедно за да имаме охридски шампиони во овој спорт како некогаш, порачаа организаторите на државното првенство во Македонија во кајак на мирни води.

 |  Николоска Биљана  | 
kajak
кајак

kajakДенес се одржа државното првенство на Македонија во кајак на мирни води. Силите во неколку категории ги одмерија кајакарите од двата охридски кајакарски  клуба Ехо и Стрмец и КК Црн Дрим од Струга. Се веслаше патеката од 500 метри со старт од пред хотел Палас до финишот пред хотел Милениум. Три екипи не учествуваа на државното првенство од непознати причини вели главниот судија Менсур Рифат.

„Се одржаа трки на 500 метра во К1 и К2 во сите категории, значи пионери, пионерки, кадети кадетки, јуниори јуниорки, сениори сениорки, времето не послужи“ – изјави Рифат.

Претседателот на Комитетот за спринт (мирни води), Димитар Пендовски, рече дека кајакот е спорт кој му личи на Охрид и не само што е добар за здравјето на младите генерации, тој е и туристичка атракција.

kajak„Годиниве наназад сите знаеме дека кајакот беше донесен на маргините на спортскиот живот во Охрид. И мислам дека малце по малце ќе му го вратиме сјајот што го заслужува за брзо време видовте има премногу млади дечиња кои ќе станат вистински кајакари и во иднина се надевам дека ќе настапуваме на големи европски и светски првенстваме“– вели Пендовски.

Денешново државно првенство во кајак на мирни води кајакарите посебно го доживуваат. За некои од нив не е важно кое место го освоиле, битно се натпреварувале.  

„Конкуренцијата беше тешка времето не беше добро имаше малку бранче и ни го отежнуваше веслањето.  Мислам дека ние што живееме во Охрид посебно во Варош треба да се занимаваме со воден спорт бидејќи тука сме родени. Јас го освоив 4 тото место но сепак сум радосен бидејќи тоа за мене е успех оваа година почнав прв пат да веслам – велат кајакарите.

Победник на Државното првенство во кајак на мирни води е Кајакарскиот Клуб Ехо од Охрид, на второто место се најде КК Црн Дрим од Струга и трети беа кајакарите од Стремец. За првите места организаторот обезбеди пехари, медаљи за најдобрите во категорија, а за првите три места имаше и парични награди.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top