Колку и дали субјектите кои делуваат на подрачјето на општина Охрид се подготвени за зимско одржување на патиштата. На оваа тема, денес СВР Охрид организира средба со надлежните субјекти од регионот, со цел да се утврди нивната подготвеност за одржување на патиштата, како и за навремени интервенции при евентуални временски неприлики, во зимски услови. Командирот на безбедност на патниот сообраќај Охрид, Страшо Миленковски потенцира дека од досега направените анализи, на подрачјето на СВР Охрид, констатирано е подобрување на патната состојба за време на зимскиот период посебно за период 15.1…
ВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието.“Во текот на вчерашниот ден, искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески успева да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател на комисија, која треба…
Објавена риболовната основа за Охридското од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени. Речната пастрмка оставена на милост и немилост на рибокрадците. Изгубена е тригодишната битка на охридските рибари со Хидробиолошки завод. Спортските риболовци се пожалаа дека научната стратегија на заводот за 6 годишна забрана на спортскиот риболов на Охридското езеро, е погрешна. Според нив, риболовната основа за Охридското езеро, која е објавена пред една …
Во Горно и Долно Лакочереј започна да се решава еден горлив проблем за жителите од овие две месни заедници. Со стартување на проектот поставување на фекална канализација, вели претседателот на МЗ од Горно Лакочереј, Климе Тренески ќе се ослободиме од септичките јами. „Во 21 век не може населението д а живее без каналзиација. Со решавање на канализациониот одвод и приклучокот на колекторскиот ситем, септичкитејами нема повеќе да ја загадуваат Коселска река која пак завршува во Охридското езеро, вели Тренески.Паралелно со овој зафат ќе се решава уште еден посериозен проблем за лакочеревц…
Овој значаен историски објект кој всушност претставуваше музејска зграда на музејот на словенска писменост, со постапка за денационализација го доби МПЦ. Старото Климентово училиште како објект претставува поединечно заштитено културно добро за кое националната установа Завод и музеј од Охрид беше задолжена да изврши санација и адаптација. За таа цел, Завод и музеј изработи проект на кој стручна контрола изврши Националниот конзерваторски центар од Скопје од каде била добиена позитивна оценка за проектот. Поради значајноста на објектот, потребно е да се следат одредени параметри за безбедно…
Од 21 до 25 октомври во посета на Црвениот Крст на Македонија, престојува делегација од меѓународната федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина од Женева. Посетата на гостите е во рамки на нивната мисија за сертифицирање на националните друштва за Црвен Крст и Црвена Полумесечина. „ЦК на Македонија како една од поактивните национални друштва од регионот уште од пред две години учествува во напорите на меѓународното движење на меѓународната федерација за организациска промена во рамките на движењето. Како резултата на искуставата на нашето друштво во делот на успешно имплементира…
Во музејот на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“. Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит. Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен. Пред јавноста биле презентирани делови од кошули и покривала за глава кои датираат од периодот на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови од народна носија е м…
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид не е само едно од 35те општински здруженија во земјава, туку се вбројува во оние најактивните. Пофални зборови и одлични оценки Црвениот крст од Охрид доби и од претставниците од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели: „Интензивната соработка со меѓународните организации ни носи позитивни искуства, но ни дава и позитивни насоки кои што ќе ги следиме во иднина.“„Навистина беше задоволство да се разговара со гостите од Федерацијата, со стручните луѓе во овој …