На готовс пред зимата

Остана уште малку до 15 ноември кога стапува на сила законот за задолжително носење на зимска опрема на сите видови моторни возила.

 |  Билјана Николоска  | 
svr
svr

Колку и дали субјектите кои делуваат на подрачјето на општина Охрид се подготвени за зимско одржување на патиштата. На оваа тема, денес СВР Охрид организира средба со надлежните субјекти од регионот, со цел да се утврди нивната подготвеност за одржување на патиштата, како и за навремени интервенции при евентуални временски неприлики, во зимски услови. Командирот на безбедност на патниот сообраќај Охрид, Страшо Миленковски потенцира дека од досега направените анализи, на подрачјето на СВР Охрид, констатирано е подобрување на патната состојба за време на зимскиот период посебно за период 15.11 2010 до 15.03 2011год. Вкупната бројка на сообраќајки во овој период е намалена, споредбено со минатите години. Миленкоски се осврна на примената на законската обврска за задолжително носење зимска опрема која почнува за 20 тина дена.
Годинава пак од Македонија Пат најавија дека ќе делуваат на нов начин. Директорот Лазе Ставрески, рече дека направена е категоризација на државни патишта, со што се променети надлежностите, односно приоритетите на одржување на патиштата. Тој додаде дека и магистралните патишта добија нови ознаки. Но според Страврески најпозитивна новина е третманот во зимски услови на патниот правец Р-504  
Проодноста и во каква состојба е патниот правец е наша грижа, и ние мора во секое време пред граѓаните да доставиме точна информација, вели Митко Темелковски, раководителот на ЦУК на Охрид. Но за жал давањето прецизна информација за тоа е проблем кој подолг временски период се провлекува.
Поголемиот дел на надлежните субјекти за зимско одржување на патиштата сеуште ја немаа годинешната програма а ниту советот на општините ја има одобрено. Ветија дека до 15 ноември истата ќе биде доставена до СВР. Но дали ќе има време за забелешки и корекции на таа програма останува да видиме или пак и годинава ќе помине на мала врата кај надлежните. Да се надеваме дека оваа зима нема да покаже остри заби како не би се предизвикале и посериозни проблеми бидејќи само за неносење на зимска орема надвор од населено место глобата изнесува 15 евра на лице место или исклучување на возилото од сообраќај.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top