• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започна изградбата на фекалната и водоводната канализација во Горно и Долно Лакочереј

Започна изградбата на фекалната и водоводната канализација во Горно и Долно Лакочереј

Во Горно и Долно Лакочереј започна да се решава еден горлив проблем за жителите од овие две месни заедници. Со стартување на проектот  поставување на фекална канализација, вели претседателот на МЗ од Горно Лакочереј, Климе Тренески ќе се ослободиме од септичките јами.

 |  Валентина Нелоска  | 
lakocerej
lakocerej

lakocerejВо Горно и Долно Лакочереј започна да се решава еден горлив проблем за жителите од овие две месни заедници. Со стартување на проектот  поставување на фекална канализација, вели претседателот на МЗ од Горно Лакочереј, Климе Тренески ќе се ослободиме од септичките јами.  „Во 21 век не може населението д а живее без каналзиација. Со решавање на канализациониот одвод и приклучокот на колекторскиот ситем, септичкитејами  нема повеќе да ја загадуваат   Коселска река која пак завршува во Охридското езеро, вели Тренески.
Паралелно со овој зафат ќе се решава уште еден посериозен проблем за лакочеревци. Преку лето 1200-те жители колку што живеат во овие две населби остануваат жедни без чиста вода за пиење. Испитувањата на исправноста на водата за пиење од постоечкиот бунар покажале дека водата не е за користење вели Тренески. Појаснува дека и  од Емо каде што досега користеле вода за пиење неможат да користат вода. Претседателот на Месната заедница  Тренески укажува дека од Емо не им пуштаат водат со  обарзаложение дека нема доволно вода за пиење. Сега со овој проект трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето укажува Тренски.
lakocerejСо новиот цевковод ќе се приклучат кај Орман, а трајно проблемот ќе го решат со  реализација на проектот за  каптирање на  Свинишките извори.
Од Локалната самоуправа истакнуваат дека  комуналниот  проект во Горно и Долно Лакочереј  е  еден од најкрупните  и најзначајните во моментов. Поставувањето на канализационата и водоводната мрежа во должина од 12 километри во вредност од околу 30 милиони денари се решава значаен комунален проблем  не само за лакочеревци туку и за пошироката охридска околина.  
„ Овие два комунални зафати Локалната самоуправа ги прави со сопствени средства во период кога е постојано  блокирана и не е во втора фаза на децентрализација“, истакнува портпаролот Симе Илиески.

По завршувањето на сличните зафати и приклучувањето на колекторскиот систем на жителите од околните населби Рача, Велгошти и Лескоец, а сега и на Горно И Долно Лакочереј општина Охрид продолжува со трајно  решавање на еден сериозне проблем како што е загадувањето на животната средина, истакнува Илиески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top