Окт 29, 2011

Учениците од Гимназија и Економски ги добија униформите

Се комплетираат униформите за учениците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски. Поло маичките и блузите со долги ракави им се поделија на учениците, треба да им се достават само уште елеците. И покрај тоа што постапката за униформите одамна заврши, дел од родителите сеуште реагираат на цената која ја плаќаат во споредба со квалитетот кој го добија. Директорот на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски уште еднаш за ТВ М ја објасни постапката според која училиштето ги набави униформите. Тој вели дека училиштето не објави тендер затоа што униформите не се набавуваат нити со сред…

Окт 29, 2011

Нови ознаки на патиштата

Многу новини во работата на „Македонија пат“. Владата на Р. Македонија на седницата одржана на 20. септември годинава, донесе одлука за категоризација на државните патишта. Со тоа настанаа промени во делот надлежностите и приоритетите на одржување, на патната мрежа. Новата категоризација е направена според следени податоци на број на население и оптеретеност на патна мрежа. Директорот на Р.Е. „Македонија Пат“ Лазо Страврески ги кажа измените на регионално ниво. „Во делот на регионалните патишта кои се однесуваат за општина Охрид, ќе напоменам дека патниот правец Охрид-Подмоље-Струга-Радожда…

Окт 28, 2011

Брат за брат-сирењето со пари!

Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија на дневниот ред, но т…

Окт 28, 2011

Маратонска 40-та седница на Советот на општината

Четирисеттата седница на Советот на општината ги умори Охридските советници. Препукувањата околу предлог одлуката за поставување јавна набавка во врска доделување договор за реконструкција на дел од уличното осветлување кои деновиве беа дел од медиумскиот интерес, продолжија на седницата на советот, а резултат беше не изгласувањето на истата, речиси едногласно. Зелено светло доби предлог одлуката за формирање Совет за превенција на малолетничко претставништво, која од говорницата ја поздрави и Александар Лазоски претставникот на УНИЦЕФ, за Македонија. Помина и предлог одлука за давање согла…

Окт 28, 2011

Ситиот на гладниот не му верува

Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во предвидениот  рок од д…

Окт 28, 2011

Египќаните ќе добијат споменик на божицата Изида во Охрид

Божицата Изида го пронајде своето место во Охрид. Конечно беше задоволено барањето на припадниците на заедницата на Египќаните за поставување на нејзин споменик. Ваквата предлог одлука наиде на подршка во Советот на општина Охрид. „Охрид прераснува во еден политички, духовен и културен центар на Египќаните не само на Балканот туку и низ целиот свет“-вели Демир Далип, претседател на сојузот на Египќани.Далип ја изрази својата благодарност во името на заедницата на Египќаните до Советот на општина Охрид поради добиената подршка за предлог одлуката за изградба на спомен обележје на божицата Из…

Окт 27, 2011

Откриен педофил во Охрид

Струмичанец заврши во охридскиот притвор. Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад врз дете“, СВР Охрид поднесе соодветна пријава против Д.Ј.(28). Мета на сторителот биле три малолетни жртви. Настанот во СВР е пријавен од страна на родител, на едно од децата. Според соопштението од СВР, во врска со ова кривично дело, пријавениот на 22 октомври во помошна просторија на пазарот на големо, кој се наоѓа на ул. „Сирма Војвода“, извршил полови дејствија врз едно малолетно лице од Охрид, кое во моментот било со уште двајца негови другари. Настанот се случи…

Окт 27, 2011

Флексибилност и сигурност на пазарот на тудот

Регионален семинар на УНАСМ. Флексисигурен пазар на трудот е годинашнава топ тема на македонските синдикалци, кои три дена во хотелот „Климетица“,  ќе разменат искуства со земјите од ЕУ. Благоја Ивановски од УНАСМ од Охрид, вели дека предавањата на овој регионален семинар во периодот што следува ќе им бидат од посебна корист бидејќи целта е да се задржат работните места, а работниците постојано да се надоградуваат. Иваноски потенцира дека уште на почетокот од презентацијата на искуствата од експертите од ЕУ, може да направи компарација кој модел на флексисигурност е покорисен.Јулија Рик екс…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top