Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација.„ Местото во извршниот одбор, не е само пр…
Македонија ќе биде домаќин на петтиот состанок на Широкопојасната комисија за дигитален развој (Broadband Commission for digital development) кој ќе се одржи идната година во Охрид на 26.март.На овој состанок гостин на Охрид ќе биде најбогатиот човек во светот Карлос Слим Хелу, кој “тежи” повеќе од 74 милијарди долари.Заедно со Мексиканецот Хелу ќе дојдат уште 60 членови на Комисијата. Се работи за членови кои се главни извршни директори на на меѓународни компании (Гугл, Интел, Алкател-Луцент, Ериксон, Циско, Мајкрософт, Телефоника…)Иницијативата е поведена од страна на Иво Ивановски, мин…
Македонија е посебна туристичка дестинација. Македонија мора да има посебна понуда, посебни туристички производи и тоа никако не сме да биде копија на нешто, велат туристичките експерти. Искуствата од надвор, кои се однесуваат на регулатвивата и стандардизацијата се драгоцени според начинот на кој институциите од туристички развиените земји и региони се поставени, и е добро да се гледа на нив како на паралела и компарација. Во нашата земја туристичката фела и останатите фактори треба да се организираат така, да имаме еден партнер една асоцијација едно тело, да знаме кого да адресираме, вел…
Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град. „Заеднички го славиме овој голем ден и им оддаваме почит на учесниците во Народно – ослободителната и антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги положија своите животи за ние да живееме во слободна, самостојна и независна држава. Како генерација ние сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да ја развиваме сопственат…
Денот на ослободувањето на Охрид, но и патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“, вработените во ова претпријатие го одбележаа со серија активности. Прва во редот беше крводарителската акција во која учествуваа вработените на претпријатието. Оваа хумана акција „Охридски комуналец“ ја спроведе со помош на општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Од Црвен крст изразија голема благодарност за овој хуман гест. Крводарителската акција беше спроведена во административните простории на „Охридски комуналец“.„Активностите ги започнавме со крводарителската акција. Сега не е време за пра…
Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во ослободувањето на Охрид. На овој историски настан се присетува некогашниот партизан, 90 годишниот Милан Палоски еден од учесниците во нападот. Неговата бригада броела 250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени. Цел на нивниот напад била германската окупаторска војска која од Охрид се повлекувала кон Драч, Албанија, раскажува Палоски.По тешка и нерамна …
Со тридневната прослава, почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Со овој празник се крунисува и аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.Муслиманските верници деновиве го слават Курбан Бајрам. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, сеосновните принципи на Исламот. На Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник, без разлика на која вера е припадник, вели Кујтин Хусејни советник во Општина Охрид. …
Љубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт. Имаат потреба од канализационен систем, пречистителна станица и подобро уредување, вели секретарот на месната заедница Ѓорѓи Траески. Селскиот Дом на културата изграден од љубаништани во далечната 1948, кој е собиралиште на мештаните, сега бара реконструкција. Проблем е тоа што месните заедници не располагаат со пари и едвај успеваат да го од…