Охридски комуналец со полна агенда го одбележа Денот на Ослободувањето

Низа активности на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ по повод Денот на ослободувањето на Охрид и патрониот празник на ова претпријатие. Својата богата агенда вработените во Комуналец ја започнаа со крводарителска акција во административните простории на претпријатието.

 |  Мишел Наумоски  | 
krvodaritelska
krvodaritelska

Денот на ослободувањето на Охрид, но и патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“, вработените во ова претпријатие го одбележаа со серија активности. Прва во редот беше крводарителската акција во која учествуваа вработените на претпријатието. Оваа хумана акција „Охридски комуналец“ ја спроведе со помош на општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Од Црвен крст изразија голема благодарност за овој хуман гест. Крводарителската акција беше спроведена во административните простории на „Охридски комуналец“.
krvodaritelska

„Активностите ги започнавме со крводарителската акција. Сега не е време за празнувања, затоа ние се обидовме да бидиме хумани и со овие 13 единици на крв, се надеваме дека искажавме барем малку хуманост, а ветуваме дека и понатака ќе правиме вакви акции.“-вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“-Сашо Алче

Како дел од активностите кои „Охридски комуналец ги спроведе беше и презентацијата на новата опрема и машини од комуналната сфера. За потребите на градот од страна на вработените беа направени две подвижни колички за одржување на хигиената во градов, а беше набавена и една машина за чистење снег.

„Во тек е набавка на три слични машини. Ова се машини кои ќе служат за чистење на снег, воглавно по тротоарите. Капацитетот им е некаде три до четири километри чистење на час и тоа ќе е доволно за потребите на ЈП „Охридски комуналец“ пред се поради тоа што преку интернет ги следиме временските прилики и доколку се интервенира на време потребите на градот ќе бидат задоволени во секој случај.“-додава Алче.

Во рамките на административните простории на претпријатието, по повод патронот на „Охридски комуналец“, градоначалникот Петрески на најверните вработени им врачи парични награди за 10, 20 и 30 години лојалност кон „Охридски комуналец“ и кон град Охрид. Покрај овие активности, беше посетено и новото хортикултурно решение на кружниот тек од улицата „Момчило Јорданоски“ за кое Алче вели дека и покрај тоа што таму нема систем за наводнување, хортикултурните садници од наше производство нема да има потреба многу да се одржуваат бидејќи се отпорни на суша.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top