Охрид два пати ослободуван од фашистичкиот окупатор

Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Paloska
Paloski

PaloskaСпроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид. На овој историски настан се присетува некогашниот  партизан, 90 годишниот  Милан Палоски еден од учесниците во нападот.  Неговата бригада броела  250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени.  Цел на нивниот напад била германската окупаторска војска  која од Охрид се повлекувала кон Драч, Албанија, раскажува Палоски.
По тешка и нерамна борба со добро вооружениот окупатор, партизаните со многу жртви сепак успеале да го ослободат градот. Борците од Охридската бригада во слободен Охрид се приклучуваат кон Првата македонска ударна бригада и ги продолжуваат понатака  борбите за ослободување на градовите во западна Македонија, се присетува Палоски.
Професор д-р  Павле Митрески пак, не потсетува дека Охрид во 1944 година бил два пати ослободуван. Првото ослободување се случило на 15 -ти октомври кога партизанските едници напаѓаат и влегуваат во Охрид, а германските војски се повлекуваат кон Албанија. Но, во ноември од Лерин се повлекуваат германските СС единици и доаѓаат кон Битола, Ресен и Охрид. Со одлука на Генрал штабот се наредува на 7  Ноември партизанските едници по втор пат да го нападнат и  ослободат  градот од германскиот окупатор, вели Проф. д-р Митрески.

Во ослободувањето на градот покрај Охридската бригада учествувале и Првата макеодонска ударна бригада и 4-та албанска бригада.  Борбите  траеле  15 часа, а се воделе и улични борби. Животите ги положиле  28  партизани меѓу кои биле Јасна Ристеска, Момчило Јорданоски, Борис Волчески  и  многу други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top