Фев 1, 2012

Блок дотациите од Mинистерството за образование недоволни за општина Охрид

Блок дотациите во образованието не ги задоволуваат потребите на општина Охрид. Советничката група на ВМРО НП на последната седница реагираше дека владата перманентно уште од минатата година ги намалува средствата кои се однесуваат на средства за греење и превоз на ученици во основното и во средното образование кои како блок дотации доаѓаат во општина Охрид. Советникот Јоне Станкоски вели дека за 4 и пол или 5 милиони денари се намалени средствата на општина Охрид, кои и се потребни за нормално да функционира образованието. „ Поголем проблем имаме во основото образовение. Околу 9 до 10 милио…

Фев 1, 2012

О.У. „Христо Узунов“ наскоро ќе добие нов директор

До редакцијата на ТВМ пристигна допис од загрижен родител, во кој тој прашува: Зошто уште се чека промена на стариот директор во охридското училиште Христо Узунов, кога законскиот рок е веќе одамна пробиен? Го запрашавме Серафим Наумовски од секторот за образование при Општина Охрид, кој објасни дека мандатот на назначениот В.Д директор сеуште трае.„В.Д директорот има право да ја извршува функцијата во период од 6 месеци, нема никакво отстапување и мислиме дека изборот на директор во основното училиште ќе биде благовремено одржан и ќе ги запазиме сите рокови“ вели Наумовски.Наумовски додава…

Фев 1, 2012

Студенчишкото блато мора да се спаси

Дали најрепрезентативниот остаток од поранешните мочуришта, Студенчишкото Блато, ќе биде споменик на природата? Интензивно се работи на изнаоѓање најдобро решение за заштита на и онака малиот преостанат дел од блатото, кој е од мошне голема важност, како еден природен раритет и составен дел на Охридското Езеро. Студијата за заштита на Студенчишкото Блато, за која охридските советници на последната седница дадоа зелено светло е основна база за понатамошен пристап кон негова ревитализација, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам. Тој додава дека ова е само почеток на една …

Јан 31, 2012

Како Општина Охрид ќе менаџира со државното земјиште?

Општина Охрид ја изработи програмата за менаџирање со државното земјиште. Во програмата е определено просторно, како ќе се менаџира земјиштето после добивање на согласноста во неколку делови. Така, ќе има земјиште кое ќе биде отуѓувано, земјиште кое ќе биде давано на долготраен и краткотраен закуп и земјиште реализирано со јавно-приватно партнерство, но строго по урбанистичките планови, објаснува раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов.„За јавно-приватно партнерство се предлагаат оние објекти кои се од јавен карактер, како катни…

Јан 31, 2012

Подготвена програмата за „Прличевите беседи“

Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе биде положен ловоров венец и свежо цвеќе, а реч в…

Јан 31, 2012

Не стивнуваат реакциите за поскапувања на водата за пиење

Интензитетот на реакциите на одлуката на Советот да се зголеми цената на водата за  пиење не се смалува. По искажната загриженоста на  политичарите од ОК на Вмро Дпмне и нивните советници се огласи и ГЗ „Христо Узунов“. Во дописот испратен до нашиот медиум  тие ја искажуваат загриженост од последната одлука за поскапување на водата за пиење, но и на останатите комунални услуги. Нивната загриженост ја поврзуваат и со актуелната продажба на ЈП „Проаква“. Бараат од ова јавно претпријатие  да биде гарант за чување на водата како национално благо. За исправноста на одлуката за продажба на ова пр…

Јан 31, 2012

Пушиме и гајле си немаме!

Она што е забрането, лесно привлекува внимание. Активното пушење во земјава има нагорна линија и покрај сите мерки кои се преземаат за оваа тенденција да запре. Проблемот со пушењето е далекусежен и многу сериозен. Најтешкиот удар го претрпува човековото здравје. Ниту страшните статистики кои велат дека секои 4 од 5 случаи на рак на белите дробови се како последица на пушење, не успеваат да го постигнат потребниот ефект од откажување. Се поалармантни се бројките кои се објавуваат за Македонија, која за жал спаѓа во водечките нации кои се соочуваат со овој проблем.Според податоците на Светск…

Јан 30, 2012

Наместо семафори, четири кружни текови на „Туристичка“

Семафорите од ракрсниците на булеварот „Туристичка“ ќе заминат во историјата. Доколку се реализира програмата за уредување на градежното земјиште за 2012 година, наместо семафори, ќе никнат кружни текови. Од секторот за сообраќај при општина Охрид со објаснување дека на овој начин ќе се зголеми безбедноста, но и ќе се олесни протокот на возила на овие раскрсници.Наместо семафори, на „Туристичка“ четири кружни текови ќе го регулираат сообраќајот. Или барем вака ќе биде, доколку се реализира делот од програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година, кој се однесува на изградба на к…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top