Не стивнуваат реакциите за поскапувања на водата за пиење

Интензитетот на реакциите на одлуката на Советот да се зголеми цената на водата за  пиење не се смалува. По искажната загриженоста на  политичарите од ОК на Вмро Дпмне и нивните советници се огласи и граѓанско здружение  „Христо Узунов“.

 |  Валентина Нелоска  | 
вода
вода

Интензитетот на реакциите на одлуката на Советот да се зголеми цената на водата за  пиење не се смалува. По искажната загриженоста на  политичарите од ОК на Вмро Дпмне и нивните советници се огласи и ГЗ „Христо Узунов“. Во дописот испратен до нашиот медиум  тие ја искажуваат загриженост од последната одлука за поскапување на водата за пиење, но и на останатите комунални услуги. Нивната загриженост ја поврзуваат и со актуелната продажба на ЈП „Проаква“. Бараат од ова јавно претпријатие  да биде гарант за чување на водата како национално благо. За исправноста на одлуката за продажба на ова претпријатие кое стопанисува со водните ресурси бараат јавна дебата. Според ЗГ „Христо Узунов“ водата како национално богатство и Проаква како претпријатие кое управува со неа не смее да биде предмет на продажба. Загрозувањето на националните интереси може да повлече граѓански протести и отпор наговестуваат од ЗГ „Христо Узунов“.

defekt cefkaОд друга страна службите на ЈП „Проква“ имаат свои аргументи барем што се однесува до одлуката за зголемување на цената на водата за пиење. Интервенциите  на нивните служби за остранување на дефектите на водоводната мрежа се секојдневна појава која имплицира и зголемени трошоци на  нивното работење, укажува портпаролот на ЈП „Проаква“, Даниел Радески. Само во изминатиов викенд имале 10 дефекти, од кои два од  посериозен карактер,  кои биле навреме санирани без да се почуствуваат големи последици за граѓаните. „Дефектите се вообичаени за целата година,  а се  резултат на дотраената водоводна мрежа или пак од текстонското пореметувања на тлото како последица на урбанистичкото проширување на Охрид“ појаснува Радески.
Во 2011 година ЈП „Проаква“ интервенирало на околу 700 дефекти на линиите за водоснабдување на територија на општина Охрид. Во просек службите имаат и по 8 поправки дневно на водоводната мрежа и нормалиизрањето водоснабудувањето во градот истакнува Радески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top