Post Views: 6
Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.
Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и компјутер,...
Post Views: 3
На македонскиот пазар нема доволни количини мед ,а тоа што се нуди на пазарот е гликоза. Таа не е штетна, но купувачите купуваат скап шеќер без минерали и витамини, предупредуваат пчеларите. Цената на медот на Балканот е по 10 евра за килограм. Кај нас се продава од 400 до 500 денари за килограм и го нема, додека во малопродажба може да се најде за 300 денари за килограм, вели охридскиот пчелар Ицо Китанчев.
„Во маркетите има смешни цени и ќе се прашаме дали е тоа вистински мед. Трговците се користат со една финта и го декларираат тоа што го нудат на пазарот како безбедна...
Post Views: 0
Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца одржа годишно собрание. Охридските пензионери го усвоија позитивниот финансиско – материјален извештај за работата на здружението. И покрај блокираната жиро сметка ние сме едно од најдобрите здруженија во земјава, информира Димитар Спасески, претседател на Собранието на здружението на пензионери. Спасески посочи кои се нивните предизвици годинава со кои ќе го подобруваат животот на оваа категорија граѓани.
„Проблемот е со изградба на Дом за стари лица. Охрид е единствениот град во Македонија кој нема дом. Проблем има и со здравствената...
Post Views: 1
Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне.
„ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски.
Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност,...
Post Views: 0
Пчеларите се загрижени како пчелните семејства ќе ја презимат оваа зима. Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одразат врз развојот и опстанокот на пчелните семејста оваа пролет, кажува Ице Китанчев долгогодишен охридски пчелар. Китанчев очекува пчеларите да ги почуствуваат оваа пролет последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија ршум во пчеларството и овоштарството. Немаше доволно мед па во зимскиот период влеговме и со слаби пчели и со храна,а за да опстанат пчелите во живот посегнавме по нужно зло со прихрана , кажува...
Post Views: 5
Родителите многу ретко од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители во националната библиотека, потврдува и директорката на установата, Александра Белевска. На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска.
Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до нивната...
Post Views: 5
Промовирана химната „ Сите сме исти“ со која се одбележа Денот на ретки болести. Музика и аранжман за оваа песна напишаа охридските музичари Димче Китрозоски и Јовица Карајлиевски на текст од Сашо Митаноски.Музичката нумера ја испејаа неколку млади охридски финалисти од музичкото шоу „Суперталент„. Тие преку песна упатија порака до јавноста за постоењето и потребите на луѓето со ретки болести. Димче Китрозоски кој го направи аранжманот за песната напомена дека проектот започнал пред два месеци. Кажа дека во песната е вложена голема енергија и емоции,а пораката треба...
Post Views: 3
Во Охрид ноќните температури на воздухот се спуштаат под нулата.Од министерството за труд и социјална политика има препорака до сите центри за социјална работа да ги згрижуваат бездомните лица во прифатилишта.
Дали во нашиот град постојат услови за згрижување на лица без кров на главата или кои живеат во домови под нормални стандарди за живеење се обративме во охридскиот центар за социјални работи. Директорот на центарот не информираше дека во Охрид имаат евидентирано само едно бездомно лице. Кажаа дека нивниот центар не располага со објект каде што би го сместиле ова...
Post Views: 0
Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков.
„ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме...
Post Views: 2
На охридските улици ЈП „Охридкси Комуналец“ има поставено контејнери за одложување на хартија, стакло, пластика и лименки. На овој начин со селектирање се рециклира корисниот отпад, се намалуваат количините на смет и се зголемува здраво еколошко опкружување. Случајно избраните граѓани од кои ТВМ сакаше да слушне како размислуваат за овој комунален проблем ја поздравуваат можноста која им ја дава јавното комунално претпријатие да се селектира отпадот за да се зачува животната средина.
Многу честа е глетката во поставените контејнери за селктирање на отпад да не се користат...
Post Views: 3
Неизвесна судбината на поранешната струшка канцеларија на Агенција за поддршка и развој на туризмот. Од мај 2011 со одлука на Владата седиштето на Агенцијата е префрлена во Скопје. 6-мината вработени во струшката канцеларија останаа каде што беа, додека само двајца вработени на чело со директорот Јордан Трајков се водат во скопската канцеларија. Вработените од Струга сега не знаат каков е нивниот правен статус дали станува збор за канцеларија или поддружница. Нерешениот правен стаус ја отежнува и комуникацијата и потребата од проток на информации. Никој од овие вработените...
Post Views: 2
Во водите на Охридското езеро е во тек ловот на пастрмката за вештачки мрест. Од 23 јануари до сега се уловени 1 милион и 300 илјади икра, информира Елизабета Велјаноска Сарафилоска директор на НУ Хидробиолошки завод. Таа напоменува дека ловот за вештачкиот мрест на пастрмката тече во најдобар ред. Годинава се намалени квотите за собирање икра на 1 милион и 500 илјади во споредба со минатата година кога изнесуваше 2 милиони икри. Намалена е квотата за собирање икра и за струшкиот дел за институтот Шум, од 1 милион на 500.000 зрна икра. Ловот на машки и женски единки...