Одржано годиншното Собрание на здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца

Одржано годишното Собрание на здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца. Годишниот  извештај покажува позитивно финансиско  и материјално работење на органите во изминатата година. За охридските пензионери претстојат повеќе предизвици за подбрување на животот на оваа категорија граѓани. Здружението покрај другото ќе настојува на поголема грижа за старите и изнемоштени лица. 

 |  Валентина Неловска  | 

Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца одржа годишно собрание. Охридските пензионери го усвоија позитивниот финансиско – материјален извештај за работата на здружението. И покрај блокираната жиро сметка ние сме едно од најдобрите здруженија во земјава, информира Димитар Спасески, претседател на Собранието на здружението на пензионери. Спасески посочи кои се нивните предизвици годинава со кои ќе го подобруваат животот на оваа категорија граѓани.

„Проблемот е со изградба на Дом за стари лица. Охрид е единствениот град во Македонија кој нема дом. Проблем има и со здравствената заштита во руралните средини нема лекари и аптеки. Не е на висина и предностa за пензионерите во здравствените организации.Се надевме дека сето тоа ќе го надминеме. Работиме и на добивање на бесплатен превоз за пензионерите“, подвлекува Спасески.

Спасески напоменува дека имаат одлична соработка со Сојузот на пензионери на Македонија, со ОО ЦК и со Локалната самоуправа. Во Програмата на Сојузот за оваа година е инклузијата на стари, изнемоштени и болни лица.

„Месните ограноци ќе ги задолжиме да направат списоци колкав е бројот на овие лица. Ќе им доделиме и еднократна помош. Посетата на таквите лица е одамна наша пракса, наши волонтери ги посетуваат и дома и во геријатрија. Оваа инклузија за нас не е нова“, вели Спасески.

Месните ограноци на Здружението на пензионери ќе бидат задолжени да направат евиденција на лицата кои се болни и сами. Во Здруженеито на пензионери на Охрид и Дебрца има 10.400 членови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top