Промовирана химната “Сите сме исти“ за лицата со ретки болести

Промовирана химната “Сите сме исти“ за лицата со ретки болести. Песната е проект на повеќе охридски музичари и луѓе кои упатија  емотивна порака за поддршка на лицата со ретки заболувања. На одбележување на Денот на ретки болести на овој начин од Охрид е испратена поддршка за лицата  кои имаат некое ретко заболување.

 |  Валентина Неловска  | 

Промовирана химната „ Сите сме исти“ со која се одбележа Денот на ретки болести. Музика и аранжман за оваа песна напишаа охридските музичари Димче Китрозоски и Јовица Карајлиевски на текст од Сашо Митаноски.Музичката нумера ја испејаа неколку млади охридски финалисти од музичкото шоу „Суперталент„. Тие преку песна упатија порака до јавноста за постоењето и потребите на луѓето со ретки болести. Димче Китрозоски кој го направи аранжманот за песната напомена дека проектот започнал пред два месеци. Кажа дека во песната е вложена голема енергија и емоции,а пораката треба да допре до секој човек. 

„ Со еден збор да внесеме оптимизам. Самиот наслов исти сме значи да не ги делиме да им дадеме поддршка на овие лица. Некогаш е доволно и само да помислиме на нив, “рече Китрозоски.

Дадовме свој допринос за оваа голема кампања. Создадовме емотивна песна, а мотивација ми беше од онаа изрека „ Здравиот има милион желби, а болниот само една“, рече композиторот на песната Јовица Каралиевски.

„Целта на химната е да допреме до повеќе луѓе. Да се запознаеме со ова група луѓе дека постојат и имаат проблем и лицата и нивните семејства и секој да помогне за оваа група луѓе“, напоменува Каралиевски.
Даваме од се срце поддршка на лицата со ретки болести. Додека ја снимавме песната ние сочувствуваме со овие лица. , рече Ивана Коскоска од името на младите пејачи финалисти на музичкото шоу „Суперталент“.

„Денешниот настан е одбележување на Денот на ретките болести за мене е посебен. Бев дел од песната „ Сите сме исти“ посветена на лицата со ретки болести“, кажа младата надежна пејачка.

Свечената песна „Сите сме исти“ ја исполнија Ивана Коскоска, Ирма Гогова, Емилија Билјана. Видео записот за музичкиот спот е дело на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top