Најмладите ретки посетители во библиотека

Родителите многу ретко  од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика.

 |  Валентина Неловска  | 
kniga
kniga

Родителите многу ретко  од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители  во националната библиотека, потврдува и директорката на установата,  Александра Белевска.  На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а  ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска.

Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до нивната фантазија, настојувавме да реализираме проект читање најубави детски бајки. Проектот требаше да се реализира во среда на пладне, да биде пропратено со фотографии, со цел да се приближиме на детската фантазија. На тој начин сакавме да им вродиме љубов кон пишаниот збор и да стекнат навика да доаѓаат во бибиотека“, кажува Белевска.
biblioteka
Од библиотеката не се откажуваат од намерата да помогнат во стекнување читачка навика и посета на библиотеката од најмала возрста. Наскоро ќе се обидат да воспостават соработка со детските градинки. За ова нивна идеја ја контактиравме директорката на детската јавна установа, Марина Петровска Тодоровска. Директорката напоменува дека иако нивните установи располагаат со богата детска литература, ја  прифаќаат соработката, но напоменуваат дека посетите многу би зависеле од временските услови.
slikovnica
Инаку, библиотеката месечно набавува нови изданија за деца и возрасни. Добиваат и донации од богата стручна литература. Задоволни се од односот на читателите кон книгите, но не и од навиката навремено враќање на позајмената литература.

„ Пред Нова година редовно ги опоменуваме читателите кои задоцнуваат со враќањето книги. Најпрво им праќаме опомена пред тужба, доколку не ги  вратат после оваа мерка следува тужба од страна на институцијата“, нагласува Белевска.
 
Голем е бројот на читателите кои забораваат да ги вратат позајмените книги, но по добиената  опомена најчесто се корегираат, вели Белевска. Според одлуката на Управниот одбор на библиотеката за заборавеноста на читателите им наплаќа казни.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top