ОК Вмро Дпмне обвинува: Градоначалникот Јован Стојаноски вработува партиски кадри

На прес конференција од ОК НА Вмро Дпмне го обвинуваат градоначалникот Јован Стојаноски  за партиски вработувања. Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Обвинуваат и за   прекинување на договорите за работа на луѓе во училиштата и градинките. 

 |  Валентина Неловска  | 

Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне.

„ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски.

Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност, отчетност и заслуги во јавната администрација е загрозена од ад-хок мерките кои овозможуваат вработување во јавна служба како социјална мерка, или масовното претворање на привремените вработувања во постојани вработувања, рече во обраќањето Божиноски. Дамјан Манчевски јавно призна дека СДСМ спроведува политички реваншизам со тоа што ги прекина сите договори за привремено вработување кои ги затекна, за сега да склучува нови, рече на прес конференцијата Божиноски.

„ Додека се уште ја чекаме точната бројка колку вкупно вработени има државната и јавната администрација, во последните неколку месеци на сите страни излегуваат огласи за привремени вработувања. Градоначалникот веднаш да одговори дали привремените вработувања се канал за партиски вработувања?“, праша Божиноски.
Портпаролот на ОК Вмро Дпмне, Перчо Божиноски кажа дека во образовните институции без посебно образложение биле прекинувани договори за работа на луѓе кои работеле со години во училиштата и градинките со цел да се вработат партиски кадри без ден работно искуство, без оглас и посебни критериуми за работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top