• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Mладите фудбалски репрезентации на Македонија и Србија го отвораат реновираниот градски стадион

Mладите фудбалски репрезентации на Македонија и Србија го отвораат реновираниот градски стадион

Во текот на изминативе месеци на градскиот стадион се изгради новата источна трибина, се постави модерно осветлување на теренот и сензорско наводнување на терените. По завршување на локалните избори ќе има повик и за нови градежни зафати за енергетска ефикасност на спортската сала.

 |  Валентина Неловска  | 

Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.

Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и компјутер, нема веќе човечки фактор бидејќи наводнувањето е регулирано за да се наводнува стадионот во ноќните часови. Наутро е подготвен за екипите да го користат – истакна Јованоска.

Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт наскоро ќе започнат нови градежни зафати за енергетска ефикасност на спортската сала. Ќе се постават фотоволтаични панели за затоплување на спорската сала Билјанини извори. Се планира да се постават 100 фотоволтаични панели на површина од 2900 метри квадратни. Панелите ќе произведуваат 80 киловати часови топлинска енергија и 38 киловати часови електрична енергија во текот на една година.

Проектот е изготвен и ќе се објави тендер по завршување на локалните избори. Ќе има повик за поставување на фотоволтаичните панели на салата – додава Јованоска.

СРЦ Билјанини извори, покрај осовременувањето на постоечките спортски терени изгради и два нови, помали песочни терени за играње на вулт.  Изградени се два терени во близина на тениското игралиште со димензии 5 на 15 метри, на барање на странски гости за рекретавино играње на оваа игра која потекнува од Франција, а се игра во Скандинавските земји, а сега ќе може да ја играат и охриѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top