Post Views: 21
Исечено ореово стебло и фрлени гранки во речното корито опасност да се излее Коселска Река. Во близина на село Орман екипи на ЕВН ги исекле стеблото и гранките и истите ги оставиле во речното корито каде се попречува водотекот. Неодоговорното однесување на екипите и доаѓањето на есенските дождови може да предизвикаат поплави од речното излевање, вели земјодeлецот од Орман, Ванчо Стојаноски. Сега стравува да не се повторат поплавите од пред две години.
„Повеќе од еден месец вработените од ЕВН кои ја одржуваат трасата од далеководот од Охрид, Орман и Лакочереј, пресекоа...
Post Views: 6
Во јавноста многу малку е познат фактот дека и дел од Дебрца е ставен под заштита на Унеско. На овој простор има голем број цркви и манастири кои долго време се истражувани од охридските историчари на уметност. Научно истражувачката работа тим од Завод и Музеј резултираше со изложба од истражувањата на терен. Внатрешноста на овие сакрални објекти се исполенти со велелепни фрескоживописи и иконографија што зборува за умешноста и генијалноста на македонските зоографи, вели Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност од охридскито Завод и Музеј. Жура во соработка со...
Post Views: 20
Петнаесетина примероци на скутини и чорапи се изложени пред љубителите на народната уметност. Станува збор за делови од облека без кои не може да се замисли нити една народна носија, појаснува етнологот м-р Марија Каневче, автор на изложбената поставка во организација на Завод и Музеј. Избрани се најрепрезентативни примероци од повеќе делови на Западна Македонија, кажува Каневче. Додава дека тие се дел од нашата традиција и дело на македонската вешта жена која рачно ги работела овие предмети за облекување.
„ Скутините биле ткаени, најчесто со две дипли, хоризонтално...
Post Views: 3
50 тина вопситувачи, негувателки и директорки од Словенија ја посетија охридската централна градинка „Јасна Ристеска“. Директорката на градинката Роза Костеска кажа дека со нивните колеги од Словенија размениле меѓусебни искуства во работењето на установите. Гостите се интересирале за начинот на работа на градинката, како и за програмите по кои се работи со децата.
„ Ние се носиме со европските стандарди, нема критики. Во некои работи дури сме и понапред од нив. Само што кај нас треба да има помал број на деца во групите. Се друго се работи над стандардите. Гостите...
Post Views: 4
Во моментов во сите објекти на детската градинка „Јасна Ристеска“ се згрижени 878 деца. На листа на чекање се само 20 тина деца. Групите се преобемни, а слободни места нема, со исклучук во групите на албански и турски јазик, информира Розе Костоска, директор на градинката. Повеќе од неопходна е потребата од изградба на нови детски градинки во Охрид и приградските населби. Интересот на жителите од Велгоши и Лескоец за сместување на децата во градинка во овие две населени места е огромен па се јавува потреба од формирање на градинка, а не само од групи, појаснува...
Post Views: 7
Троседи и фотелји, фрижидери и машини за перење донирале наши сограѓани за семејствата во социјален ризик. За еден месец охридскиот Центар за социјална работа учествувал во посредување и реализиација на 15 донации. Социјалниот работник Мира Врангалоска која е дел од тимот за спроведување на проектот, кажува дека примените пријави за донации и потреби се евидентираат во база на податоци. Со нивна помош се прави поврзување на давателите и примачите на донации.
„ Во Центарот сме задоволни, соработката е добра меѓу лицата што донираат и бараат донација. Дoнираат добар...
Post Views: 8
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа меѓу селата Песочан и Арбиново. Две лица во несреќата се тешко повредени, од кои едно е во критична состојба по директниот судир на две моторни возила што се случи синоќа на автопатот во изградба Охрид Кичево. Во несреќата било опожарено возило за достава кое целосно изгорело. Увид на местото на несреќата извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Граѓаните се почесто ја доживуваат оваа сообраќајница како автопат на смртта заради зачестениот број на несреќи и...
Post Views: 3
Екологистите почнаа со собирање потписи за дополнување на Законот за животна средина. Тие бараат поддршка од граѓаните за иницијативата да не се дозволува градење на загадувачка индустрија во близина на населено место. За иницијативата на македонските еколози да влезе во собраниска процедура треба да соберат 10.000 потписи од граѓаните, кажува Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница.
„Бараме ново изградената тешка индустрија да е подалеку од населеното место барем 5 км. Додека иницијативата влезе во собраниска процедура пратениците тој лимит може да го зголемат...
Post Views: 11
Во пролетните месеци со климатските промени стануваат вообичаени појавите на ниски температури кои се опасност за уништување на родот кај овошките и земјоделските култури. Во моментов нема штети врз овошните и земјоделските култури од снегот кој падна деновиве воо охридскиот регион, информира агрономот Мирослав Трајчески. Има само намалено опрашување на овошките бидејќи се прекина летот на пчелите. Деновиве се најавуваат ниски температури кои може да предзивикаат штети од мраз кај овошните насади. Посебно се загрозени овошките каде што е почната вегетацијата како кајсиите...
Post Views: 0
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митрески во посета на охридскиот регионален синдикат. Првите синдикалци остварија средби со синдикалните организации во неколку приватни и јавни претпријатија во градот. Со посетата ќе се анализараат спроведувањето на Законот за минимална плата, степенот на синдикална организираност, а ќе се утврдуваат и потребите за формирање на локален економски социјален совет, информира Митрески. Законот за минимална плата почна да ги дава ефектите и да се почитува освен во мал број приватни претпријатија, посочува...
Post Views: 10
Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти доби зелено светло за употреба. Салата беше пуштена во употреба во месец април без пртеходно да се направи технички прием. Оваа законска обврска е реализирана деновиве, потврдува Томе Џамтоски, портпарол на Локалната Самoуправа.
„ Во летото најавивме дека до почетокот на школската година ќе завршат сите фромалности за примо- предавања на спортската сала во Велгошти. Школската година почна, може малку доцниме со ветувањето, но пред 10 дена беше завршен техничкиот прием на салата од страна на надзорен орган, а тоа беше...
Post Views: 4
Променети термините за изведување на ученичките екскурзии. Повеќето основни училишта ќе го променат планот за изведување на патувањата. Учениците од „ Христо Узунов“ традиционалните ексурзии наместо во мај ќе ги изведуваат кон крајот на септември или почетокот на октомври. Иницијативата произлезе од ова училиште, а таквото барање го образложува в. д. директорот Тони Симоноски.„ Причините што побаравме да се промени изведувањето на екскурзиите се повеќекратни. Во вториот дел од учебната година го имаме екстерното тестирање со голем број обврски за учениците...