Во Охрид успешно се спроведува проектот „ Се грижиме за топол дом“

Во Охрид  успешно се спроведува проектот „ Се грижиме за топол дом“.

 |  Валентина Неловска  | 
mtsp
mtsp

Троседи и фотелји, фрижидери и машини за перење донирале наши сограѓани за семејствата во социјален ризик. За еден месец охридскиот  Центар за социјална работа учествувал во  посредување и реализиација на 15 донации. Социјалниот работник Мира Врангалоска  која  е дел од тимот за спроведување на проектот, кажува дека примените пријави за донации и потреби се евидентираат во база на податоци. Со нивна помош се прави поврзување на давателите и примачите на донации.

„ Во Центарот сме задоволни, соработката е добра меѓу лицата што донираат и бараат донација. Дoнираат добар мебел , покуќнина добро зачувани. Прва постапка е увид во тоа дали донаицјата е функционална , па во осработка со Локалната самоуправа, кога во одреден ден ќе се подига мебелот или покуќнината за да се дистрибуира кај лицата кои побарале одредена донација.“
centar
Досега за среќа се совпаднале понудата и побарувачката, или подарениот вишок на мебел со потребите на граѓаните од истиот, напоменува Врангалоска. Охридскиот  Центар за социјална работа успешно соработува со Локалната самоуправа, општинскиот Црвен крст и Комуналец кој ја превезува донацијата во определен ден. Охридскиот Центар за труд и социјална политика ги распределува донациите по принцип „прв јавен прв услужен“.

„ Со проектот се влијае на намалување на социјалниот ризик од социјално  исклучување на граѓаните. Се прават напори да се  задоволат  нивните потреби од мебел покуќнина, електрични апарати, апарати за домаќинството, опрема за деца и велосипеди“.  
 
Овој проект се планира да продолжи и во иднина, со вклучување и на бизнис заедницата. Граѓаните кои имаат можност и желба да се приклучат на проектот „Се грижиме за топол дом“  може да донираат, како и оние кои имаат потреба од помош , може да се пријавуваат  на бесплатниот телефонски број 0800 55 800, на телeфон во охридскиот Центар, во Црвениот крст или на е-mail адреса  donacija@mtsp.gov.mk.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top