Направен технички прием на спортската сала во Велгошти

Направен технички прием на спортската сала во Велгошти.

 |  Валентина Неловска  | 
sportska sala
sportska sala

Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти доби зелено светло за употреба. Салата беше  пуштена во употреба во месец април без пртеходно да се направи технички прием. Оваа законска обврска  е реализирана деновиве, потврдува  Томе Џамтоски, портпарол на Локалната Самoуправа.

„ Во летото најавивме дека до почетокот на школската година ќе завршат сите фромалности за примо- предавања на спортската сала во Велгошти. Школската  година почна,  може малку доцниме со ветувањето, но пред 10 дена беше завршен техничкиот прием на салата од страна на надзорен орган, а тоа беше Градежниот институт од Скопје. Направи извештај за примопредавање и технички прием на објектот“.
ss
Од Локалната  самоуправа информираат дека сега очекуваат од Агенцијата за млади и спорт да им го вратат договорот со потпис па салата и конечно ќе им биде предадена во владение.

„ Ние како Локална самоуправа  ги потпишавме тие договори и тие сега се во рацете на Агенцијата. Се очекува да ги парафираат и  целата работа да  биде завршена по што салата ќе може да ја користи училиштето Живко Чинго и учениците.“

Спортската сала ќе ја користи ОУ „ Живко Чинго“.
Покрај учениците од ова училиште, кои ќе ја изведуваат наставата по физичко во салата, предвидено е објектот да се користи и за спортско рекреативни и културни манифестации. Спортската сала е со површина од 1211 м2, има две соблекувални и  капацитет од  500 гледачи.
Инаку, спортската сала во Велгошти беше изградена и предадена во употреба во 2001 година. По една деценија објектот беше руиниран, а Агенцијата за млади и спорт со владиниот проект  ја стави во агендата за обнова. За реконструкцијата на спортската сала беа издвоени 20 милиони денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top