Тешката индустрија подалеку од населените места- еколозите на терен собираат потписи

Тешката индустрија подалеку од населените места-  еколозите на терен собираат потписи.

 |  Валентина Неловска  | 
ekolozi
ekolozi

Екологистите почнаа со  собирање потписи за дополнување на Законот за животна средина. Тие  бараат поддршка од  граѓаните за  иницијативата да не се дозволува градење на загадувачка индустрија во близина на населено место. За иницијативата  на македонските еколози да влезе во собраниска процедура треба да соберат 10.000 потписи од граѓаните, кажува Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница.

„Бараме ново изградената тешка индустрија да е подалеку од населеното место барем 5 км. Додека иницијативата влезе во собраниска процедура пратениците тој лимит може да го зголемат или намалат, но наша иницијатива е таа оддалеченост барем да биде 5 км.“
ekologija
Крсте Трајчески, екологист од Грашница и член на европската асоцијација за одгледување на неорганска храна укажува на потребата граѓаните да живеат и да се хранат во еколошки здрава средина.

„Разбирливо е што бараме да биде 5 км затоа што на таа оддалеченост од градот се произведува храна. Сите знаеме што се случува во подрачјата каде што има фабрики и депонии. Нашето друштво се бори против хемијата и загаденоста. Од овде и објавуваме војна на хемијата“.

Екологистите веруваат  дека иницијативата ќе им биде успешна. Како што напоменуваат иницијативата е граѓанска и е прифатена од политичарите, и од позицијата и опозицијата, но и од невладините организации. Потписи ќе собираат до крајот на оваа недела, но заради лошите временски услови ги повикуваат граѓаните да го дадат својот  потпис во нивната канцеларија  наспроти Здравствениот  дом – Маларична, во Охрид.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top