Екстерното оценување ги промени термините на ученичките екскурзии

Екстерното оценување ги промени термините  на ученичките екскурзии.

 |  Валентина Неловска  | 
skolo
skolo

Променети термините  за изведување на ученичките екскурзии. Повеќето основни училишта ќе го променат планот за изведување на патувањата. Учениците од               „ Христо Узунов“ традиционалните ексурзии наместо во мај ќе ги изведуваат кон крајот на септември или почетокот на октомври. Иницијативата произлезе од ова училиште, а  таквото барање го образложува в. д. директорот  Тони Симоноски.
hristo
„ Причините што побаравме да се промени изведувањето на екскурзиите се повеќекратни. Во вториот дел од учебната година го имаме екстерното тестирање со голем број обврски за учениците и наставниците. Тука се и подготовките за полуматурските  вечери. Ова беше став и на училиштето и на Советот на родители, екскурзиите да се изведуваат на почетокот од школската година.“

В. д. директорот Симоноски за овие измени веќе побара зелено светло од градскиот Совет. Советот даде позитивно мислење за планот за изведување на екскурзијата. Деновиве тоа ќе биде доставено на разгледување и до Училишниот одбор. Потоа се очекува распишување на тендер за ибор на најдобра понуда од туристичка агениција која ќе ги организира ученичките патување. Кон оваа иницијатива на Христо Узунов се приклучија и други општински основни училишта.   

„Во разговор со сите директори од Охрид и од земјава  ставот по ова прашање е заеднички. Ова не е нешто ново. Во минатите години имало вакво искуство и се покажало дека е подобро ексурзиите да се изведуваат во овој период“.

ТВМ ги контактираше и останатите директори на основните училишта. Пoвеќето од нив се согласуваат со предлогот на Симоноски ексурзиите да се организираат во месец октомври и за нивните ученици патувањата ќе ги реализираат токму тогаш. Засега, само ОУ „Григор Прличев“ ќе  продолжи со традиционалното ученичко патување за основците во месец мај. Според Законот за екскурзии за основните училишта се предвидени еднодневни екскурзии за трето одделенците, дводневни за шестоодделнците и тридневни за осмооделенците. Секое училиште самостојно ќе одлучува дали ќе се организираат патувањсата за сите групи на одделенија или  не. Некои од училиштата се одлучиле да организираат само еднодневни патувања за третоододелнците, но не и дводневно патување за шестоодделенците. Директорот Симоноски кажа дека нивното училиште ќе ги изведе ексурзиите за трите  одделенски групи. Според планот на училиштето за осмоодделенците од Христо  ќе биде изведено  патување низ Македонија, а ќе се ноќева во Дојран и Пониква. Шестоодделенците ќе патуваат низ Источна Македонија, а ќе ноќеваат во Дојран. Третодделенците ќе ја посетат Битола и националниот парк Пелистер.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top