Автор: Јаковлева Лионела

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

anketa

ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите

Post Views: 1 Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку  секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...

Continue reading

moda

Патувачката дизајнерска продавница пристигна и во Охрид

Post Views: 0   Висока мода во Охрид. Охриѓанки, а и гостите ќе можат да си купат уникатно парче облека со потпис од познати македонски дизајнери по не така астрономски цени, вели еден од организаторите и моден креатор, Драган Христов. Ова е втора ваква распродажба летово организирана од Лудус и Капка. Првата била минатиот викенд во Битола, а во Скопје претходно биле организирани две. Зa сите имало огромна заинтересираност кажува Христов. Тој додава дека иако нашата модна сцена е сосема на почеток и овие парчиња кои се продаваат се малку поавангардни македонките добро знаат да ги...

Continue reading

toalet

Има ли спас за жителите од улицата „Живко Чинго“

Post Views: 23 Жителите на улицата „Живко Чинго“ секојдневно се молат да не заврне дожд. Кога врне нивниот живот се претвара во кошмар. Од сите страни се прелева канализацијата па нивните домови пливаат во гнасна вода. Со овој проблем се борат веќе две години. Миланка Димоска вели дека се започнало со изградбата на канализацијата во Велгошти. Цевката која е поставена во 2010год. е со поголем обем од онаа на која претходно жителите од оваа улица биле поврзани па сега и при најмали врнежи доаѓа до прелевање на канализацијата и тоа во нивните домови објаснува Димоска. Едни од засегнатите...

Continue reading

vnro dpmne

Туристичка сезона за „паметење“

Post Views: 5 Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона  не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...

Continue reading

suma

Шумата над кошишта, темпирана бомба

Post Views: 0 Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните  велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески. За овој проблем жителите од Кошишта алармирале...

Continue reading

toalet

Ден после дождот

Post Views: 7 Ден после дождот. Вчерашното невреме кое го зафати Охрид остави траги. Поројниот дожд исфрли на површина многу градски проблеми . Едни од засегнатите од поплавите кои се случија се и жителите на улицата Живко Чинго. Нивните домови буквално пливале во вода па со часови со кофи ја исцрпувале не знаејќи што друго да прават. Миланка Димоска вели дека целата куќа и се поплавила и додава дека ова не е прв пат. Таа објаснува дека при пообилни врнежи од дожд канализацијата пребликнува во нејзината куќа и се плива во вода и фекалии. Досега тропнала на сите врати, но помош од...

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

komisija

„Живко Чинго“ по 24-ти пат

Post Views: 6 Расказот „Богу Верен, в брани силен“ под шифрата „Огниште, па пак огниште“ ја доби наградата „Живко Чинго“ . Вака одлучи жири комисијата составена од претседателот Иван Џепаровски и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и Венко Андоновски. Од 55-те пристигнати раскази  во потесен избор влегоа 7. Во најтесниот круг пак влегоа расказите „Шмркачи“, “Ихтиз“ и „Богу верен, в брани силен“.Претседателот Иван Џепаровски рече дека наградениот расказ се одвојува од останатите според својата уметничка постапка, особено според својот јазик, како и според желбата на еден поинаков начин да...

Continue reading

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

atleticar

На Олимпијада само четворица македонци

Post Views: 1 На Олимпијадата во Лондон Македонија ќе биде преставена само со четворица спортисти и тоа двајца атлетичари и двајца пливачи. Ова е најмалата екипа од осамостојувањето на Македонија која се испраќа на Олимписки игри. На што се должи ова може да се анализира уште пред да започнат игрите во Лондон .Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top