„Живко Чинго“ по 24-ти пат

Расказот „Богу Верен, в брани силен“ под шифрата „Огниште, па пак огниште“ ја доби наградата „Живко Чинго“

 |  Јаковлева Лионела  | 
komisija
комисија

Расказот „Богу Верен, в брани силен“ под шифрата „Огниште, па пак огниште“ ја доби наградата „Живко Чинго“ . Вака одлучи жири комисијата составена од претседателот Иван Џепаровски и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и Венко Андоновски. Од 55-те пристигнати раскази  во потесен избор влегоа 7. Во најтесниот круг пак влегоа расказите „Шмркачи“, “Ихтиз“ и „Богу верен, в брани силен“.
Претседателот Иван Џепаровски рече дека наградениот расказ се одвојува од останатите според својата уметничка постапка, особено според својот јазик, како и според желбата на еден поинаков начин да проговори за состојбите во Охрид во времето на Прличев. cingo

Конкурсот и манифестацијата по 24-ти пат ги организира Општина Охрид. Од таму велат дека секоја година таа добива се повеќе на квалитет па од локална манифестација прераснува во државна бидејќи на конкурсот се пријавуваат писатели од цела Македонија.

Според поштенскиот печат, пристигнуваа творби од целата држава. Имаше од Велес, Струмица, Радовиш, и од другите градови во Македонија, што значи дека самата манифестација добива на значење, подвлече Ванчо Јованоски од Општина Охрид. Тој додаде дека годинава беседа ќе одржи наградениот автор, а не како досега претседателот или членовите на жирито.

Наградата на добитникот ќе му биде доделена на 13 август во селото Велгошти во предворјето на манастирот Св. Петка каде што се одржува традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Наградата е парична и изнесува 30 000 ден. Ќе има и културно уметничка програма па се покануваат сите намерници да бидат дел од оваа поетска манифестација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top