Патувачката дизајнерска продавница пристигна и во Охрид

Уникатни парчиња облека со потпис од познати македонски дизајнери се продаваат по пристапни цени. Моделите не се наменети само за жени со манекенски стас

 |  Јаковлева Лионела  | 
moda
мода

 

Висока мода во Охрид. Охриѓанки, а и гостите ќе можат да си купат уникатно парче облека со потпис од познати македонски дизајнери по не така астрономски цени, вели еден од организаторите и моден креатор, Драган Христов.dragan hristov

Ова е втора ваква распродажба летово организирана од Лудус и Капка. Првата била минатиот викенд во Битола, а во Скопје претходно биле организирани две. Зa сите имало огромна заинтересираност кажува Христов. Тој додава дека иако нашата модна сцена е сосема на почеток и овие парчиња кои се продаваат се малку поавангардни македонките добро знаат да ги носат. Христов објаснува дека за стилот на една жена не е важно само што и од кого носи туку и како го носи.

Инаку уникатните парчиња облека и накит можат да се купат по цена од 300 до 3000 ден. Распродажбата започнува денес и ќе трае до в сабота од 1 до 23 часот во просторот на Лапидариумот кај куќата на Робевци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top