Средствата веќе се легнати на посебна жиро сметка, а исплатата треба да заврши за период од еден месец, велат од Локалната.
Никако да профункционира струшкиот Совет. Денешната втора по ред седница само што почна, заврши, односно откако советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата, после првата дискусија на останатите советници, истата се одложи.
Последната регата за оваа сезона со хуманитарна цел. Котизацијата за учество како и донации од едриличарските тимови ќе бидат наменети за помош за лекување на Сара Настеска. Регатата првично беше најавена за сабота, но од оправдани причини истата ќе се одржи во недела.
Пензионираниот поранешен светски боксерски првак во тешка категорија Ленокс Луис, преку Твитер објави дека се враќа за уште еднаш да се сретне со Виталиј Кличко.
Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.
Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот. Позитивни мислења дале сите надлежни институции, а се чека одговор од Светска банка која ќе го финансира најголемиот дел од градежните зафати. Работите на изградба би почнале на почетокот од следната година.
Сплавот каде што настапувала Наташа Беквалац започнал да тоне при што морала да интервенира полицијата која евакуирала луѓе.-пренесуваат српските медиуми.
Во продажба од денеска се картите за детскиот и големиот хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Двата настани ќе се одржат во недела, 28-ми октомври, под мотото „Играме и пееме за Сара“.
Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство. Нивни колеги од Сај Арк им ја презентираа технолгијата која ја користат за активно управување со локалитети и објектите. Министерството за култура ја избра црквата Св. Софија да биде дигитално документирана од страна на Сај Арк.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град