• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Владата додели повеќе од шест милиони денари за обесштетување за претрпените штети од земјотресот во 2017-та

Владата додели повеќе од шест милиони денари за обесштетување за претрпените штети од земјотресот во 2017-та

Средствата веќе се легнати на посебна жиро сметка, а исплатата треба да заврши за период од еден месец, велат од Локалната.

 |   | 

Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има   6.451 013 ден. кои ќе бидат префрлени на посебна сметка,  а со решение на градоначалникот на Општина Охрид, ќе бидат обештетени 862 објекти од кои  60 се на правни лица, 802  на физички лица.

„Во наредниов период ќе почне исплата на овие средства, според претходно изработениот елаборат од Општинската комиисја за проценка на штети. Во зависност на тоа колкави се оштетувањата и каква е проценката така и ќе бидат исплатени средстватa“ вели Томе Џамтоски – портпарол Општина Охрид.  

Од  општинска комисија за проценка на штети од Охрид потврдуваат дека обештетување ќе има за сите поднесени 862 барања, но потенцираат дека  обештетувањата ќе бидат во висина од 15%. Исплатата треба да заврши во период од еден месец.

„Се намали и во цената бидејќи не беа некои цени реални од наша страна. Ги намалија цените и така дојдовме до 43 милиони денари. Во 2012 година имавме земјотрес во Дебарца, исто се направи проценка и Владата и тогаш донесе одлука и ги обештети граѓаните со 15%“, изјави, Раде Вељановски- општинска комисија за проценка на штети Охрид

Во земјотресот лани за 15 објекти беше утврдено дека воопшто не се за живеење, додека оштетувања имаше и на неколку јавни објекти, како што беа Основното училиште Братство и единство и една од градинките. Најсилниот земјотрес кој го погоди Охрид беше на 3 јули 2017 година, со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top