Недела нека биде ден за САРА!

Во продажба од денеска се картите за детскиот и големиот хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Двата настани ќе се одржат во недела, 28-ми октомври, под мотото „Играме и пееме за Сара“.

 |   | 

Во недела, (28 октомври) со почеток во 11 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи детски  хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Ќе настапат „Весели бисерчиња“, изведувачи од „Распеано рибарче“, музичките таленти на ОМУ „Методи Патче“, а куклениот театар при образовниот центар „Atlas World“ ќе ја изведе претставата „Си беше еднаш“.


Истиот ден, во Спортската сала „Билјанини Извори“, ќе се одржи голем хуманитарен хепенинг на кој ќе настапат музичари и повеќе уметници од Охрид и Струга:„Камелеон“, ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китроз, Петар Маркоски, Горан Папаз, Каролина и Оли, „Јован и Јован“, „Дуо Black moon“, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец од Струга и други.
Цената на картите за секој настан поединечно чини 100 денари.
Картите од денеска се продаваат низ градинките во градот и на мобилните пунктови што ќе ги постави Црвениот крст Охрид, како и на на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ непосредно пред почетокот на настанот  во недела.


Во рамки на хуманитарниот хепенинг Здружението ЖЦ „Бисера“ Охрид ќе организираат базар со храна- вкусни домашни специјалитети, кои ќе се продаваат по симболична цена.
Сите собрани средства ќе бидат веднаш донирани на семејството Настески за помош на САРА.
Настанот заеднички го организираат новинарите и медиумите од Охрид и ФА „Бисери“. Организаторите упатуваат благодарност до Црвениот крст Охрид, центарот за култура „Григор Прличев“, спортската сала „Билјанини извори“, Лабино саунд, „Мега продукција“, „Принт студио“ Охрид, графичкиот дизајнер Антонио Стаматоски, до уметниците и учесниците во хуманитарните настани и сите помагатели.

Недела нека биде ден за САРА!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top