Едриличарите ќе едрат за Сара

Последната регата за оваа сезона со хуманитарна цел. Котизацијата за учество како и донации од едриличарските тимови ќе бидат наменети за помош за лекување на Сара Настеска. Регатата првично беше најавена за сабота, но од оправдани причини истата ќе се одржи во недела.

 |   | 

Охрид деновиве мобилизиран во знакот на хуманоста. Поединци, институции, фирми спортски настани, хепенинзи, секој на свој начин се обидува да помогне да се соберат потребните 200.000 евра за пресадување на коскена срж во специјализирана болница во Германија на 15-годишната Сара Настеска, која боледува од апластична анемија.

Под  мотото „Едриме за Сара“ ,  во недела во водите на Охридското езеро, ќе се одржи последната регата за оваа сезона Ohrid lake Sailing cup. Почетокот е закажан во 10:30  од Градското пристаниште.

Средствата кои ќе бидат собрани од котизацијата  за учество од сите едрилици плус донациите од сите учесници на регатата ќе бидат наменети за помош за лекување на Сара Настеска.

Најавено е учеството на клубовите Aquatica yachting ohrid, Snegar Struga, Нов ветер Скопје и CZG Yachting, клуб во основање.

Ќе се едри на регатното поле градско пристаниште -Горица 1-Куба либре- Градско пристаниште. Организацијата на овој спортски настан е на Ohrid Sailing Cup и Aquatica yachting Ohrid – здружение за спортско едрење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top