Екипи на МЈП „Проаква“, деновиве, извршуваат работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „7-ми Ноември“. Денес, активностите се во завршна фаза. Поставените цевки се со ширина од 225мм.
Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме ексклузивниот концерт на најнаградуваниот гитарист на сите времиња, Al Di Meola, кој ќе се одржи на 13-ти август, под отворено небо, на Античкиот театар во Охрид, а во организација на Авалон продукција, објави првиот човек на Авалон Бобан Милошески.
Кандидатот Константин Георгиески во сред изборна кампања не прави масовен поткуп на бизнисмените во Охрид туку го раздолжува Охрид! Со овие зборови Георгиески ги отфрли обвинувањата упатени од ВМРО ДПМНЕ дека трансферот на пари сред изборна кампања во процесот на раздолжување на општината алудирал на изборен поткуп. Георгиевски објасна зошто одлуката за почеток на раздолжувањето беше донесена токму сега.
Според американскиот сеизмолошки институт, потресот бил на длабочина од 10 километри
Директорката на ОУ Глигор Прличев не ги пријавила долговите на училиштето до 30 септември 2018 г поради што пропуштена е можноста истите да се сервисираат од средствата од Буџетот на државата за раздолжување на образовните единки формирани од Општината. Ова беше изнесено денеска на прес конференција на Ок на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Доколку некој ви го хакира профилот на Фејсбук или направи ваш лажен профил на оваа социјална мрежа, можете да поведете постапка против сторителот, а тоа можете да го направите со приватна тужба, во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Младите од СДСМ денеска на прес конференција презентираа проект од предизборната програма на нивниот кандидат за градоначалник Константин Георгиевски. Најавија отворање на Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење.
Од СВР Охрид информираат дека на 01/02.06.2014 година, во црквата „Пречиста“ во с.Враништа, струшко, непознат сторител со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба при што одзел околу 1.700 денари.
Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение!, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Кажа дека овој проект е еден од најважните во неговата програма затоа што само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град