Донев: Скандали и хаос во образованието во Охрид

Директорката на ОУ Глигор Прличев не ги пријавила долговите на училиштето  до 30 септември 2018 г поради што пропуштена е можноста истите да се сервисираат од средствата од Буџетот на државата за раздолжување на образовните единки формирани од Општината. Ова беше изнесено денеска на прес конференција на Ок на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 |   | 

Охридската јавност, особено родителите и учениците се сведоци на субстандардни услови за работа во голем број од училиштата, обвинуваат од Ок На ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека владее хаос во образованието и се нижат скандали.
Поради непријавени долгови на ОУ „Григор Прличев“ во системот на е-обврски до 30 септември 2018 г. од страна на Директорката на училиштето, Општината не можеше да ги користи владините пари добиени за таа намена со што општинскиот буџет е оштетен за 8.000.000 денари, обвини денеска на прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.
Донев со прашање до ВД Градоначалникот Константин Георгиески  ќе побара одговорност од  Директорката за пропустот која не смеела да го направи? Донев потсети дека ОУ „Григор Прличев“ со години има блокирана сметка. Кажа дека Советот со години усвојува извештаи во кои не се прикажуваат трошоци и за најелементарните потрошни средства за одржување хигиена и непречена настава.
Зошто во вакви услови на Советот му се дава на усвојување Изјава од која треба да се заклучи дека долгот е минимален и училиштето ќе се справи со истиот од сопствени средства? На овој начин средствата од Буџетот на државата нема да бидат искористени за раздолжување на образовните единки формирани од Општината, туку ќе се сервисираат само општински долгови.“
Донев со заклучок дека на тој начин училиштата Ќе бидат оставени со блокирани сметки и до гуша во долгови кои, како што рече,  не се евидентирани од непознати причини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top