Милошевски: Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение!

Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение!, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски. Кажа дека овој проект е еден од најважните во неговата програма затоа што само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество.

 |   | 

Подигнување на образована но и здрава младина е една од заложбите на кандидатот за градоначалник на Охрид од вмро дпмне, Митре Милошевски. Тој на денешната прес конференција го најави проектот Бесплатна здрава храна за ученици од прво до петто одделение! За кој рече дека е еден од најважните во неговата предизборна програма.

„Со имплементирањето на овој проект, ВМРО-ДПМНЕ директно овозможува да се субвенционираат младите семејства кои имаат дечиња и им учат од прво до петто одделение. Истовремено се поттикнуваат учениците да практикуваат здрави навики, навремено да се исхрануваат и да користат разноврсни продукти полезни за нивниот раст и развој. “

Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, потенцира Милошевски.

„Целта на проектот е избегнување на брзата храна и воведување на нови стандарди и практики. Родителите го штедат домашниот буџет, а се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца. Само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество.“

Со слоганот „За убав Охрид, Охрид повикува!“ Милошевски порача дека одлуките кои ги носи ВМРО ДПМНЕ ги носи единствено во полза на охриѓани и побара од граѓаните да му дадат поддршка на 21ви април со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top