• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ Млади: Градењето на партнерство помеѓу општината и младите преку Канцеларија за млади

СДСМ Млади: Градењето на партнерство помеѓу општината и младите преку Канцеларија за млади

Младите од СДСМ денеска на прес конференција презентираа проект од предизборната програма на нивниот кандидат за градоначалник Константин Георгиевски. Најавија отворање на Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење.

 |   | 

Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град. Нашата цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина, кажа денеска прес конференција Емилија Нестороска , член на младината на СДСМ. Нестороска најави градењето на партнерство помеѓу општината и младите како дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.

„Имаме конкретни планови со кои ќе ја подобриме положбата на младите во Охрид. Ќе отвориме Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење. Ќе ги вклучиме и ќе ги консултираме младите во донесување на одлуките на локално ниво, а ќе работиме на проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите во општината. “ – Емилија Нестороска , член на младината на СДСМ.

Нестороска појасни дека канцеларијата ќе функционира како локален сервис за младите граѓани и како оперативно тело на локалната самоуправа кое ќе има за задача да ги афирмира младите охриѓани и да ги вклучи во општественото делување.

„Исто така канцеларијата ќе работи и како креативен центар кој ќе има за цел да им помага на младите во нивната професионална ориентација и да ги поттикне да се активираат во културниот и спортскиот живот на општина Охрид. Канцеларијата ќе има за цел да го промовира значењето на волонтерската работа, да дава поддршка на младинските иницијативи и проектии да изнаоѓаначинза нивно финансирање.“– кажа  Нестороска.

Канцеларијата за млади ќе биде главен иницијатор за креирање на општинска Стратегија за млади, кажа Нестороска и ги повика младите охриѓани да гласаат за  Д-р Константин Георгиески за Градоначалник заокружувајќи го бројот 7 на гласачкото ливче на 21ви април.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top