СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, обвинувања и деманти за раздолжувањето на Охрид

Кандидатот  Константин  Георгиески во сред изборна кампања не прави масовен поткуп на бизнисмените во Охрид туку го раздолжува Охрид! Со овие зборови Георгиески ги отфрли обвинувањата упатени од ВМРО ДПМНЕ дека трансферот на пари сред изборна кампања во процесот на раздолжување на општината алудирал на изборен поткуп. Георгиевски објасна зошто одлуката за почеток на раздолжувањето беше донесена токму сега.

 |   | 

Константин Георгиески , кандидатот за Градоначалник на СДСМ ги отфрли обвинувањата дека во сред изборна кампања се прави масовен поткуп на бизнисмените во Охрид.
Ваквите обвинувања на адреса на Георгиевски ги упати портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.Тој кажа дека имале сознанија и сомнежи дека во процесот на раздолжување на општината на дел од фирмите им било понудено да им се отплати долгот, но притоа морале да дадат одреден процент од добивката кај одредени луѓе.

СДСМ и Георгиески се се повеќе во страв и паника од изборен пораз, па затоа наместо раздолжувањето да се изврши после изборите, тие брзаат да ги завршат сите овие операции претходно, иако рокот е 1ви јуни, но и многу е важно дека не смеат да се прават вакви трансфери на пари во изборна кампања кои сепак алудираат на изборен поткуп. – рече Арсовски.
Георгиески,овие обвинувања ги нарече  лажно сценарио изработено од кујната на ДПМНЕ наменето за плукање за дневнополитички и ситнопартиски интереси. Потенцирајќи дека Советот донел историска одлука со која Охрид го намалил долгот натрупуван цели 3 децении за  две третини објасна зошто тоа се прави токму сега.
Имајќи во предвид дека вториот круг од изборите е закажан за 5ти мај ,не постои апсолутно никаква гаранција дека Советот ќе се состане до 1ви јуни. Во таква состојба ние како одговорно раководство не сакавме да ја пропуштиме дадената историска можност што ни ја возможи Владата заедно со дополнителните ангажмани и финансии обезбедени од општината, Охрид од должник рекордер  во државава да го направиме кредибилен партнер на финансиските институции и бизнис секторот генерално.
Георгиевски праша зошто ВМРО ДПМНЕ во времето на нивна локална и централна власт не ја раздолжи општината. Додаде дека советниците од ВМРО ДПМНЕ наместо да учествуваат во историскиот процес тие по налог од Скопје , гласале воздржано.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top