Бројни велосипедисти не сакаат да даваат премногу пари за да имаат што подобар миленик на две тркала кој ќе го возат по нерамните улици.
Тротоарот на дел од улицата Коста Абраш повторно узурпиран од столици и маси од околните угостителски објекти. Пешаците се жалат бидејќи им е узурпиран просторот за безбедно движење. Од локланата молк.
Градоначлникот на Струга, Рамиз Мерко јавно проговори за последните случувања во Струга и Струшко. Тој вели дека протестот организиран од Исламската верска заедница, каменувањето на вевчанскиот автобус, сквернавењето на црквата во селото Октиси, кршењето на четириметарскиот крст во село Боровец, палењето на државното знаме во два наврати, немаат никаква политичка заднина.
„Едно капаче – Една надеж“ .ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заедно со подрачните училишта се придружија кон оваа хуманитарна акција која ја иницираше Македонската Медицинска студентска асоцијација. Ако соберат 250 килограми капачиња кои треба да бидат испратени во Турција на рециклирање ќе добијат една инвалидска количка која ќе биде донирана на семејство кое има потреба од истата.
Френк Лампард верува дека Челзи може да го елиминира Интер и покрај поразот на Џузепе Меаца, смета дека тие биле посилниот тим на синоќешниот натпревар.
Во рубриката „Ти си твојот град“ пристигна слика од оштетена бандера на улицата Питу Гули. Жителите велат дека повеќе од месец дена немаат улично осветлување, а каблите и арматурата од бандерата претставуваат опасност за минувачите, посебно за децата од овој дел на градот.
Жолтиот локвањ е во опасност од исчезнување, но тоа сеуште со точност не може да се утврди. Експертите од Хидробиолошкиот завод Охрид сметаат дека треба да се почека крајот на март, односно почеток на април времето кога се појавува локвањот за да може да се констатира состојбата на ова украсно водно растение
Охриѓани и стружани масовно ги поддржаа законските измени на регулативата за лицата со посебни потреби.
Во пресрет на денот на жената 8 ми Март, по осми пат Заливот на коските во Градиште ги изненади туристиките, овој пат од Бугарија. Семејството Филеви ја продолжува традицијата. Ковчегот со накитот од охридски бисери од под вода го донесоа нуркачите од Амфора, а со него беше закитен вратот и раката на младата Вања Иванова.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град